Offside

На 12.000 км оддалеченост од стадионот Олимпико во Рим, чукаат бело сини срца. Циркузи се со видеата.

Малиот што треба да добие златен медал на маратон

На еден маратон, дете со кацига на глава им држи хамер со нацртана печурка од култниот јунак Супер Марио која носи енергија.

Санти Казорла се врати на терен после 636 дена

Еден од најдобрите техничари на модерниот шпански фудбал се врати на теренот во својот Виљареал, клуб кој го направи голема ѕвезда и кој сега му дава нова шанса.

Французите почнаа да ги исполнуваат ветувањата ако станат шампиони

Иако најчесто читаме и слушаме за некоја старлета, фото-модел или манекенка како ветила дека ќе направи нешто необично ако нејзината земја стане светски првак, такви ветувања даваат и самите фудбалери.

Јака скриена камера за турскиот фудбал

Ни крива ни должна, во лифт се наоѓа меѓу закрвените навивачи на Фенербахче и Галатасарај. Фалеше на седми да влезат уште и навивачи на Бешикташ и да биде турлитава.

Ријад Марез со мајка му на промоција во Манчестер Сити

Најдобриот алжирски фудбалер во моментов, Ријад Марез пред неколку дена потпиша со Манчестер Сити и стана еден од најскапите трансфери од кога шеиците го купија англискиот клуб. На потписот на договорот и промоцијата, Марез дошол со мајка му Салиха.

Новата 7-ка на Јуве ја купија 520.000 луѓе за еден ден

Кристијано Роналдо уште го нема облечено дресот на Јувентус, ама според темпото со кое се продава, Старата Дама ќе ги извади парите кои ги даде за трансферот само од продажбата на дресовите и тоа лабаво.

Може ли фудбалот да го оздрави француското општество?

Низ историјата, Nike и adidas имаа многу врвни реклами со интересни поенти, но неодамнешниот трик на германскиот гигант во Париз, безусловно заслужува максимално внимание и почит. И кажува многу повеќе од една фудбалска игра.

Искуствата на навивачите кои губеа лични ствари во Русија

На толку илјади навивачи од цел свет кои ја запоседнаа Русија изминативе месец дена, не може да нема расеани. Местото на lost and found ствари личи на маркет во кој ај што има куфери и торби, туку и загубени работи од типот на играчки, чадори, тапани, па дури и санки. Што нема во магацинов. Русиве враќале назад тоа што ќе најдат, барем на овие интервјуираниве.

Хрватот кој си стави на глава шапка од натрапниците на финалето

Во моментот кога членови на феминистичката панк група Паси Рајот на кратко го прекинаа финалето на Светско првенство, Марсело Брозовиќ реши да си поигра.

Преубава изведба: Деца ги повторија истите сцени од финалето

Со автогол со глава како Манџукиќ, со дриблингот и бомбата со лева на Перишиќ, со игра со рака и барање ВАР снимка да се прегледа, со сè... Руски дечиња кои тренираат во елитна фудбалска школа во Москва го повторија финалето:

Овации за детето со хрватско знаме во Брисел

Франција е Светски првак во фудбал, ама срцата на неутралните навивачи ги освоија Хрватите. Тричлено семејство се прошета во центарот на Брисел, навивачки реквизит на Хрватска носи само детето, а мајката гордо го снима бидејќи сцената изгледа како да проаѓа Лука Модриќ.

Јувентус дал најмногу светски шампиони во историјата

„Старата дама“ има плејада фудбалери кои освојувале златни медали на Европските и Светските првенства, во најголем случај со репрезентацијата на Италија. Зад нив е Баерн Минхен, а следуваат и клубови од Јужна Америка.

Шлакнат славеник на денот

Широки Бриег е град во Босна и Херцеговина, овој навивач слави за Хрватска и трето, овој навивач е неарен, со зоља го славеше сребрениот медал на Хрватите.

Шиме е најјак, му се качи на џандарот на мотор

Додека цела репрезентација на Хрватска 5 часа се клацкаше и лудуваше на панорамскиот автобус од загрепскиот аеродром до плоштад, еден од играчите го снема.

Ма какво второ место, Хрватите се пречекани како богови

По историскиот пласман во финале, Хрватска тотално одлепи и ги пречека своите херои како Светски шампиони. Ваков епски пречек може да приредат само балканци и никој друг. Се зборува за бројка од половина милион луѓе во центарот на Загреб. Една женска топлес се сликаше со полицајци.

Момчето од селцето Модриќи на кое му се поклони светот

Откако му го убиле дедото во војната, Лука Модриќ живеел како бегалец. Потекнува од скромно семејство, а тренерите не го бендисале бидејќи бил неухранет. Епа сега истото тоа дете за кое викале дека е многу слаб за фудбал, прогласен е за најдобар играч на Мундијалот во Русија.

Сите голови од Светското на едно место

На Светското првенство паднаа 169 погодоци на 64 натпревари или во просек по 2,64 гола по натпревар. Во Москва се одигра и најефикасното финале од 1966 година (финалето тогаш завршило 4-2 но после продолженија).

Делириум во Торино, Кристијано Роналдо стигна во Јувентус

Со скандирање Cristiano portaci la Champions (Кристијано донеси ни ја Лига на шампиони), стотина тифози на „Старата дама“ го пречекаа најдобриот фудбалер на светот во изборот на ФИФА. Над 200 новинари се акредитирале за официјалната прес-конференција на Португалецот од 18:30 часот.

Французите му пееле на Путин во соблекувална

Светски шампион се - им се може. Група француски фудбалери после финалето во соблекувална качени на маса, предводени од Погба му скандираат на рускиот претседател: „Путин, еј хеј хеј“. Колинда Грабар-Китаровиќ им честита на француски јазик.

Шампионски пречек за Белгија

Селекцијата на Белгија го одигра најуспешниот Мундијал во својата историја и после триумфот над Англија со 2:0 си замина дома со бронза, а таму вистински навивачки делириум. Некој да нема појма што се случувало на Светсково ќе помисли дека Белгија го освоила.

Во Франција избиле страшни нереди, десничарите ги криват мигрантите

Убавите слики од Париз и другите француски градови на кои видовме мултикултуралност и славење разлики, во еден момент ги избришаа насилни сцени, пљачкање продавници, бутици и кршење излози.

Најинтересни моменти по кои ќе го паметиме Светското

Франција е шампион, Хрватска е втора и го освои сребрениот медал, Белгија е бронзена. Тоа е епилогот на прекрасниот Мундијал во Русија кој месец дена ни донесе прекрасни моменти.

Зошто Гризман носеше знаме на Уругвај на прес-конференцијата?

Франција ја совлада Хрватска со 4:2 и стана светски шампион, а напаѓачот на Французите Антоан Гризман после мечот на прес се нагрна со уругвајско знаме кое му го даде новинар од оваа земја.