Најдобриот француски фудбалер ги збунил присутните новинари:
Crack #Griezmann #Uruguaynoma pic.twitter.com/bRNSnIMXbJ
— German Boiso (@GBOISO) July 15, 2018
Многумина се изненадиле, но Гризман има објаснување за тоа зошто носел уругвајско знаме.
Тој веќе неколку години ја поддржува репрезентацијата на оваа јужно-американска земја, навива за нив практично на секој натпревар, а често пати на социјалните мрежи остава хаштаг „Urugay Noma!“.
Интересно Гризман не го прослави голот кој на Светското го даде против Уругвај во осминафиналето затоа што „таму имал пријатели“ и „на почеток на кариерата секогаш навивал за Уругвајците“.
У Гризманна серьёзный фетиш по поводу Уругвая. Одно дело — не праздновать гол в ворота сборной Уругвая, потому что «там друзья» и «в начале карьеры меня поддерживал уругваец». Но после победы на ЧМ приходить на прессуху с флагом Уругвая? pic.twitter.com/ZEJ0PpFQZv
— Станислав Рынкевич (@salt1s) July 15, 2018
Долго време на неговиот аватар на WhatsApp стоело уругвајско знаме, а во едно интервју изјавил дека е пола Уругваец. Во Уругвај го обожуваат, но неговото често истакнување на „уругвајството“ еднаш му засметало на Луис Суарез, центарфорот на Уругвај:
„Антоан вели дека е половина Уругваец, но тој е Французин и не знае какво е чувстото да се биде Уругваец. Нему му се допаѓаат нашите обичаи и традиција, тој знае да зборува на наш јазик, но ние се чуствуваме поинакви“.
Гризман веројатно освен ментална поврзаност со Уругвај, нема некое потекло од оваа земја, но ете, едноставно го сака овој народ и нивните обичаи.
Vamooooo Uruguay !! #UruguayNoMa 🇺🇾🇺🇾
— Antoine Griezmann (@AntoGriezmann) March 23, 2017
***
Прв тренер во кариерата на Гризман бил Уругваецот Мартин Ласарте - легендарниот предводник на уругвајски Насионал Монтевидео кој го открил Суарез и освоил Копа Либертадорес. Во 2010 Ласарте беше тренер на Реал Сосиедад.
Ласарте го забележал талентот на 18-годишниот Гризман и во сезоната 2009/2010 го викнал да тренира со првиот тим.
„Чувството со кое го пуштив Гризман првиот пат во игра беше исто како чувството кога го дебитираше Суарез. Не сомневав дека ќе одигра корисно“.
Во Сосиедад младиот Гризман учел од уругвајскиот шпиц Карлос Буено. Секој ден Буено во возел Антоан на тренинзи (младиот Французин немал кола тогаш) и го учел разни потези. Интересно Буено му објаснил на Антоан како добро да игра со глава иако е малечок по раст.
Гризман од Уругвајците ја стекнал и љубовта кон најпопуларниот напиток во Јужна Америка - чајот мате. Овој чај во Аргентина и Уругвај важи за културолошки код.
Семејството на Гризман живеело во Франција, блиски другари во Реал Сосиедад немал, па затоа се дружелл со Буено и тренерот Ласарте. После тренинзи често се собирале дома кај Ласарте, пиеле мате и бесконечно зборувале за фудбалот во Уругвај.
Тогаш Антоан и се заинтересирал за оваа земја.
„Му раскажував за Уругвај, тој слушаше со голем интерес и постојано ми поставуваше прашања“.
Буено на Гризман му ја пренел и својата љубов за Пењарол, трофеен клуб од Уругвај за кој Буено играл од 1995 до 2005 година. Гризман поради тоа редовно ги следел натпреварите на Пењарол. Откако позајмицата на Буено во Сосиедад завршила во сезоната 2009/2010, а после пола година заминал и тренерот Мартин Ласарте, но Гризман брзо добил нови пријатели од Уругвај: клубот како замена за Буено купил уште еден Уругваец - Диего Инфана, а после пола година и Чори Кастро.
Така на Гризман му продолжиле седенките со мате и гледање мечеви на Пењарол за кого во минатото играле и Кастро и Инфана.
Еднаш советникот на претседателот на клубот, Игнасио Рублио слетал во Мадрид за специјално да му даде на Гризман членска карта од Пењарол и два дреса. Антоан бил пресреќен.
По преоѓањето во Атлетико Мадрид, Гризман својата љубов кон Уругвај ја споделувал со Диего Годин, легендарниот стопер на репрезентацијата на Уругвај и на Атлетико.