Новата 7-ка на Јуве ја купија 520.000 луѓе за еден ден

Кристијано Роналдо уште го нема облечено дресот на Јувентус, ама според темпото со кое се продава, Старата Дама ќе ги извади парите кои ги даде за трансферот само од продажбата на дресовите и тоа лабаво.

Роналдоманијата денеска продолжи во Торино откако Кристијано пристигна во тренинг центарот и се сретна со новите колеги од Јувентус.
 
Според темпото со кое се продава неговиот дрес, во фабриката за печатење не може и не смее да има застој со 7-та бидејќи таа оди како алва.
 
Само за 24 часа, дури 520.000 луѓе нагрнале да ја купат најславната 7-ка во светот. Таа чини 105 евра, што значи прометот до сега изнесува 54,6 милиони евра или скоро половина од трансферот кој изнесува вкупно 117 милиони (105 + 12 за даноци).
 
Се разбира дека секое евро од овие пари не оди во касата на клубот, но штом тој уште не заигран успеа да продаде толку дресови, тогаш сигурно овие бројки ќе растат уште многу.
 
Ова навивачко лудило по Роналдо е доказ плус дека тој не е обичен играч, туку бренд кој само растеше низ годините во Реал Мадрид.
 
Само фамилилијарната фотка во неговиот нов клуб собра преку 5 милиони лајкови, а онаа со дресот на Јуве дупло.
 
 
Погледнете ја внимателно оваа споредба:
 
Запознавањето со Кјелини, Пјаниќ и компанија

17 јули 2018 - 15:38