Најголемиот успех на Светските првенства Белгија пред овој Мундијал го оствари на СП 1986 кога го загуби мечот за третото место од Франција и заврши на четврта позиција. Но овој пат стигна и првиот медал кој беше бурно поздравен од нацијата.
На плоштадот во Брисел беше преполно со народ, горд на овој успех на Белгија која стана трета фудбалска земја во светот со најголема ефикасност од 16 голови, повеќе и од првакот Франција кој заврши со 14.
Белгија во групна фаза ги совлада Панама, Тунис и Англија, во осминафинале направи епски пресврт против Јапонија по негатива од 0:2, во четвртфинале го елиминираше Бразил кој важеше за еден од главните фаворити за трофејот, а во полуфинале загуби минимално од Франција.
Белгијците сонуваа за финале и светска титула, но и покрај тоа што не успеаа имаа херојски пречек, а беа и на прием и кај Кралот.
Meanwhile in Brussels: DJ Hazard. #bel #worldcup #cfc pic.twitter.com/kTvyU0HHp2
— Kristof Terreur 📰 (@HLNinEngeland) July 15, 2018