Санти Казорла пред неколку месеци, како фудбалер на Арсенал ја потресе јавноста откако изјави дека лекарите му рекле дека постојаните проблеми со петата би можеле да доведат до ампутирање на ногата.
Некогашниот шпански репрезентативец кој беше Европски шампион во 2008 и 2012, беше прогласуван за најдобар шпански играч на сезоната 2006/2007 - имаше многу падови но секогаш стануваше.
Санти Казорла (33) сега одново е роден. „Жолтата подморница“ после 15 години му дава голема шанса да му се врати на фудбалот како некогаш.
Малиот неверојатен техничар мирувал 636 дена од својот последен натпревар - со Арсенал против Лудогорец во Лига на шампиони. После тој меч ноќната мора му траеше 21 месец. Санти се изнамачи со вечни проблеми со петицата, имаше осум операции и ризикувал ампутација.
Вчера конечно му се врати на фудбалот. Во 67’ минута од пријателската меѓу Виљареал и Херкулес, Санти влегол во игра од клупата и добил овации.
So happy to see Santi Cazorla back on the pitch playing football. pic.twitter.com/ALyMNRMqIP
— P™ (@Cechque) July 17, 2018
„Импресиите се добри, ако се биде како што треба и нема проблеми, ќе можеме дефинитивно да имаме класа играч“, изјавил тренерот Каљеха.
Казорла минатата сезона не забележа ниту еден настап, потоа го раскина договорот со Арсенал и се врати дома во Шпанија. Виљареал му пружи нова можност после тригодишните страданија со петата и Ахиловата тетива.
„Докторите ми кажаа дека ако успеам во двор да поиграм со син ми, треба да бидам презадоволен. А мојата прва цел беше да успеам да одам нормално“, изјави во едно интервју Казорла којшто направи повеќе и му се враќа на фудбалот.