Весна Витанова e екс македонска репрезентативка и прва жена од Македонија со лиценца за тренер на УЕФА и ФИФА. Во само неколку реченици ја објаснува филозофијата на игра на Шпанците.
Спартак Суботица и Раднички Ниш се сретнаа во директен дуел за Лига Европа, а вие сега ќе се сретнете со најсрамниот досуден пенал во историјата. Домаќините славеа 2:0 со два пенали, а гостите добија црвен. Судиска неправда е преблаг опис за прволигашкава местенка во Србија. Па барем да ја пипнеше топката со рака. Тажна и класична балканска фудбалска приказна.
Јувентус ја извојува седмата шампионска титула по ред откако ремизираше 0-0 со Рома во 37. коло од Серија А. За „Старата дама“ ова е 34-та титула во историјата а дури 9 од нив освоил голманот Буфон.
Дојдоа во Серија А тотално неочекувано од градче со 60.000 жители, како третолигаш 13 месеци претходно. Се удавија на табела со рекордни 12 порази по првите 12 кола. Но тоа сега не е важно, важно е дека ги имаат најдобрите навивачи кои на последниот меч на домашен терен сезонава (победа против Џенова 1:0) ги испратија во втора лига како херои.
Бен Ејмос, голманот кој во свое време успеа да забележи еден настап дури и за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, сега брани за Чарлтон. Ама брани брани.
Праша навивачката група Комити за време на вчерашниот натпревар меѓу Вардар и Пелистер кој некогаш беше празник, а сега нема добар ден со кого да си кажеш на стадион.
Поранешниот голман на ФК Вардар, Матија Кобетиќ кој сега е член на Ренова остана без нерви по вчерашното финале во ракометната Лига на шампиони. Што е проблемот? Сопруга му е Андреа Пенезиќ од ЖРК Вардар кој исто како лани загуби со еден гол разлика од Ѓер.
Енис Барди стана македонска гордост во шпанското првенство и влезе во статистики во друштво на еден Меси. Кој би рекол дека уште во првата сезона во Ла Лига, вака ќе стартува наше дете кое има само 22 години.
Шампионот на Шпанија го забележаа првиот пораз сезонава дури во претпоследното коло. Замина на гости кај Леванте без Меси и им се случи потоп во голеада со конечни 5:4. Македонскиот репрезентативец одигра фантастичен натпревар и успеа да ја тресне Барса два пати за 10 минути.
ЖРК Вардар вечерва беше најблиску до остварување на европскиот сон откако Андреа Лекиќ во стилот на Тимур Дибиров ја матираше голманската на Ѓер во последната минута од регуларните 60. Но Аморим не уништи и возврати со гол за продолженија.
Тешки мигови за Вардарки. Ракометарките на Ѓер го одбранија европскиот трофеј во драматично финале кое се решаваше во продолженија два пати по 5 минути. Андреа Чанаџија промаши зицер во последна секунда за пенали. Штета.
Еден од клубовите со најрадикални навивачи во Израел, Беитар од Ерусалим во знак на благодарност до американскиот претседател реши во своето име да додаде и Трамп. Така ќе настапуваат на официјални натпревари.
Во доста неефикасен натпревар (посебно во првиот дел), преполн со грешки и на двете страни, Вардарки успеаа на крај да излезат како победник во второто полуфинале на Ф4 во Будимпешта. Ќе гледаме реприза на ланското финале.
Нема веќе чуда, судбината му сврте грб на Хамбург - дојде крајот на една ера обележана со часовникот на „Фолкспарштадион“ - дигитален тајмер инсталиран во 2001 којшто до денес означуваше 55 години непрестано учество во Бундеслигата.
Арената „Ласло Пап“ во Будимпешта годинава е одново домаќин на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони за жени. Што па тука вакво скандалозно знаме?
Добро е понекогаш човек да се потсети што гледал и за што пишувал лани, преклани... Немаме за жал можност да го слушаме и величаме и во иднина, ама затоа може да се потсетиме и да го одбележиме. Една година преноси без Златко Калински.
Верувале вие или не, Тони Мицевски на 48 години игра активно за тимот на Поешево во регионалната лига на Битола. Во триумфот над Црнобуки ГЛ од 5-0, некогашниот македонски репрезентативец во негов стил распали. Неговиот Поешево е прв на табелата.
Во битката за двете места во ЛШ за кои по се изгледа до последно коло ќе се борат Рома, Лацио и Интер, овие последниве вчера направија еден потег со кој само се засили тензијата пред директниот дуел Лацио - Интер, клучен за четврто место.
Британскиот комичар Џек Вајтхол во новиот серијал Training Days прави егзибиции со Жозе Мурињо и Герет Бејл. На Велшанецот му дава неколку улоги меѓу кои и таа да глуми восочна фигура во познатиот Museo de cera de Madrid и наеднаш да плаши туристи.
Паоло Малдини, Франческо Тоти, Рајан Гигс, Пол Сколс и Чаби Прието, тие се најверните фудбалери кои од почеток до крај го носеа саканиот дрес. По првите четворица, дојде време да се поздравиме и со легендата на Реал Сосиедад.
На мечот Хартс - Селтик, Одсон Едуар тргна по една топка во публиката, а таму едно дете нè врати во 90’ години на британскиот фудбал. Среќа не беше Кантона. Во друга случка на истиот натпревар Стив Нејсмит од Хартс намерно го згазна на незгодно место капитенот на Селтик Скот Браун.
Некогаш беше најомилен турски фудбалер, капитен и десетка на Галатасарај, капитен на репрезентацијата, ама после оваа глупост што ја направи репутацијата му падна на дно.