Бизнис Лигата на Македонија руши рекорди

Сезоната 2018/2019 е осмата последователна сезона во која Бизнис Лигата на Македонија брои рекорден број на компании и тоа дваесет и пет.

Најелитното аматерско натпреварување во мал фудбал - Бизнис Лига на Македонија на
21.09.2018 одржа прес конференција во прес центарот на СЦ Борис Трајковски. На прес
конференцијата беа претставени компаниите учеснички, системот на натпреварување,
распоредот од есенскиот дел како и медиумските покровители. Сезоната 2018/2019 е
осмата последователна сезона во која Бизнис Лигата на Македонија брои рекорден број
на компании и тоа дваесет и пет.
 
Што се однесува до самиот ситем на натпреварување, ќе се игра еднокружно (секој со
секого) бидејки натпреварувањето се игра без гостински терен за да на крајот првите 4 екпи
влегуваат директно во Ф8 фазата која е елиминациона и секој пораз значи испаѓање.
Додека пак разигрувањето претставува шанса за влез во Ф8, а шансата ќе ја имаат и
екипите од 5то до 12то место. Победниците влегуваат во Ф8 по што ќе се игра завршниот
турнир кој води до титулата во шампион на Бизнис Лигата на Македонија.
 
Компании учеснички на Бизнис Лигата: Аџибадем Систина, Гранит, ЕВН, ЕЛЕМ, Еуро Табак, ЈСП, Лукоил, Македонски Телеком, Макпетрол, Матрикс, Оне.Вип, Окта, Пекабеско, Рамстор, Сава Осигурување, Уни Банка, Уника, Фабрика Карпош, Џонсон Мети, Ваикики, Мепсо, Алкалоид, Борис Трајковски, Искрател Груп, Маркарт.
 
Од оваа сезона Горска Вода ќе биде дел од Бизнис Лигата. Таа ќе има за задача да ги
освежува натпреварувачите. Свое обраќање на прес конференцијата имаа проект
менаџерите на Бизнис Лигата, Младен Ѓуроски и Филип Николовски кои им посакаа на
компаниите пред се фер плеј игра, успешна сезона исполнета со многу забава и како и
секогаш да победи подобриот.
22 септември 2018 - 10:30