Кога спикерот ќе почне да ги најавува играчите пред натпревар публиката обично грми за домашните играчи, а ги свири гостите. На синоќешниот меч од ЛШ меѓу Реал и Рома имаше еден исклучок, направен за Костас Манолас.
Навивачите на актуелниот европски шампион не го забораваат јунакот на Рома кој на 10 април минатата сезона го направи едно од најлудите кам-бекови во нокаут фазата од ЛШ.
Да потсетиме, Барселона во четвртфинале имаше комотен резултат од 4:1, но на Олимпико и се случи шок. Рома поведе рано со голот на Џеко во 6 минута, Де Роси во 58-ма го даде голот за надеж, а чудото го направи Гркот на 8 минути до крај.
Навивачите на Реал се ситеа на елиминацијата на големиот ривал, а синоќа го поздравија Манолас.
Kostas Manolas appears to be pretty popular with the Real Madrid fans 😉#ASRoma #UCL pic.twitter.com/JzfCksKpaV
— AS Roma English (@ASRomaEN) September 19, 2018
Навивач на Барселона, доста спремен со информации за Рома, им возврати со јака реплика.
Голот на Манолас по кој се тресеше Олимпико
По историската четвртфинална пресметка на Рома во ЛШ, твитерџијата не знаеше што куца, а претседателот на клубот изненади со начинот на славјето.