Offside

Весна Витанова e екс македонска репрезентативка и прва жена од Македонија со лиценца за тренер на УЕФА и ФИФА. Во само неколку реченици ја објаснува филозофијата на игра на Шпанците.

Голманот на Сити постави рекорд во рогање

Еден од најскапите голмани на денешницата, бразилскиот репрезентативец Едерсон влезе во Гинисовата книга на рекорди откако го дегажираше фудбалот цели 75,3 метри!

Што време дојде, Буфон да му брка рекорди на Пандев

Со триумфот против Милан, Јувентус стигна до 13 освоени Купови во Италија. За Џиџи Буфон тоа е број 5 во кариерата, исто колку што има и Горан Пандев.

Судија, не ти е спрејот за играчка

Главниот судија во полуфинален дуел од романскиот Куп реши не знае или се прави дека не знае кај е отворот од спрејот за да намести жив ѕид.

Американци, заебан лик е Златан да знаете

Вака го гледате опуштен и насмеан по емисии, ама ако му стапнете на жуљ може да ви ја учука една и ич око да не му трепне.

Лудачки автогол од 40 метри

Холандската фудбалска јавност беше сведок на еден од најспектакуларните автоголови во историјата на фудбалот. Просто неверојатно е како можеше ваква глупост да направи фудбалеров по име Стијн Спирингс од второлигашката екипа Дордрехт. Таму играат и двајца Македонци, Денис Махмудов и Антонио Станков. 

Сава Осигурување со пресврт до победа над Лукоил

Во третиот ден од 21. коло во Бизнис лигата на Македонија победи славеа Макпетрол и Сава Осигурување, а третиот меч заврши без победник.

Кои се 30 најтрофејни клубови на светот?

Глазгов е градот во кој се прославиле неверојатни 219 пехари освоени од Ренџерс или Селтик. Тука се уште и Порто, Фенербахче, Олимпија од Парагвај, ЦСКА Софија....

1.449-те дена на Џузепе Роси

Поминаа скоро 4 години, 4 проклети години на кои чекаше да постигне гол во Серија А. Тоа може да му се случи само на најмалерозниот фудбалер кој за пет и пол години имаше пет тешки повреди на двете колена.

Нема палење скара на Светско во Русија

Во градовите домаќини на Светското првенство 2018 ќе биде воведен противпожарен режим - одлучило Министерството за вонредни ситуации на Русија чиј главешина е Владимир Пучков.

Како Карлос го прибрал малиот Марсело дома и го направил наследник

Речиси малку е познато дека легендарниот Роберто Карлос и неговиот миленик Марсело прв и последен пат заедно на официјален натпревар поминале само три минути кога малиот Марсело дебитирал против Депортиво.

Кој ти е овој прием бе дечко?

Го знаете ли вие репрезентативецот на Мали по име Фусеини Диабате? Епа има 22 години, игра во среден ред за Лестер и знае крајно безобразно да ја прими топката, па и појако од Марсело.

Поразот во Куп, Милан може да го плати со долго и неочекувано европско лето

Пехарот во италијанскиот Куп за Милан ќе беше на некој начин спас на сезоната, не само заради самиот трофеј, туку и безболниот пласман во Лига Европа. Вака се доведоа во ситуација со засилувања од 230 милиони да бранат шесто место, а имаат заебан распоред до крај.

„Не дриблај, што мислиш дека си, Марадона?“

Поранешниот фантастичен играч на Манчестер Јунајтед и Интер Пол Инс открива една анегдота со Фергусон од времето додека играл на „Олд Трафорд“.

Донарума го искинаа на Твитер

Ај една, ама за финале во Куп на Италија е премногу да направиш две кикса со кои на противникот му подаруваш два гола. Џиџи Донарума игра за Милан, има годишна плата од 6 милиони евра, го спремаат за заменик на Буфон во репрезентација, што значи смееше да си дозволи таков пад на концентрација. Немаа милост по социјалните мрежи после синоќешниот меч кој го доби Јуве со 4:0.

10-те најдобри дриблинзи на Роналдињо во кариерата

Бразилецот им правеше толку неудобност на бековите што едвај чекаа да пројде мечот против него и да бидат раат.

Мижи Асан Златан да ти бае

Еден од најдобрите комичари преку океанот, Британецот Џејмс Корден се заебал да плати пар долари за Ибрахимовиќ да му бае за судбината. А на Ибра му е толку добро во Америка што стигнува и да дава голови и да се спрдава по разни емисии.

Знаете ли кога е одржан првиот Скопски маратон?

На јак снег на 23 март 1997 година. Шеесет и четворица се пријавиле за големиот маратон (42 километри), а сто и двајца се пријавиле за полу-маратонот од 21 километар. Наградата за полу-маратон била 1.000 германски марки.

Карамбол кој значеше опстанок

Не постои навивач на Хадерсфилд на кој не му се тресеа гаќите на Стемфорд Бриџ на 7 минути до крај. Бодот против Челси значеше и математички опстанок во Премиер лига, ама можеа за влакно да не го освојат, ако нивниот голман Јонас Лесл не ја направеше оваа чудесна одбрана по една мешаница од која глава ќе ве здоболи.

Кој ќе дели во иднина вакви топки со очи во Барса?

Тоа што Барса е шампион не значи дека треба да застане да игра. Синоќа го почастија Виљареал со петарда и сегаат имаат скор од 27 победи, 9 нерешени и 0 порази. Него што правиме со прашањето од насловот? Кој ли ќе му прави на Меси вакви асистенции од следна сезона? Овие топки се за во учебниците.

ФК Пелистер: Сите од вмро, сдсм и тие "газди" на клубот аир да не видите

Случувањата во мак фудбалот и натаму тераат во свој стил, на дното. Еден од најголемите фудбалски градови продолжува да пати од таканаречените “спасители“ кои како тргнале ќе го однесат во стечај.

Салах или Салас?

Дел од големото ривалство во фудбалот е и тоа како да му се ситиш на другиот кога ќе го загуби најважниот меч во сезоната. На навивач на Лацио му текна нешто. Извади стар дрес од шампионската генерација 1999/2000 и последната буква од презимето на чилеанскиот напаѓач ја смени за да го добие презимето на Еѓипќанецот кој ја уништи Рома во полуфиналето од ЛШ.

Невозможно е да поверуваме дека Ману нема да се врати

Ману влегува во 41 година и просто не ни е верно дека ова би можела да му биде последна сезона и дека веќе нема да го гледаме на паркетите.

Што мисли Марадона за Барези

Иконата на Милан (20 сезони, 17 трофеи, 719 настапи) вчера наполни 58 години. Како играл во одбрана еден од најдобрите дефанзивци во историјата, ќе ви каже еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Не им излегува од мислите

Со пресврт за 3 минути во второ полувреме, Фиорентина во неделата стигна до многу важни 3 бода на гостувањето против Џенова во борбата за место во ЛЕ. Поминаа два месеци откако Виолетовите се без својот капитен, незаменливиот капитен на кој му ја посветуваат секоја победа. Соблекувалната грмеше, а со нив и тренерот Пиоли.