Откако доби директен црвен за тоа што го плукна во лице противничкиот фудбалер Федерико Ди Франческо (син на тренерот на Рома Ди Франческо), 28-годишниот Бразилец доби суспензија од 4 меча во Серија А. По реакциите изгледа дека и „волкот е сит и овците се на број“. Јувентус нема да поднесува жалба.