
После тој непријатен момент на Вембли, каде неговиот Ливерпул прослави голема победа против Тотенхем (1-2), бразилскиот репрезентативец го извадија од игра и набрзо го однеле во болница каде му дијагностицирале повреда на рожницата (надворешна прозрачна ципа на окото).
За среќа Роберто Фирмино немал никакви сериозни последици од повредата и синоќа на мечот против ПСЖ го постигна победничкиот гол во судиското продолжение за 3:2 и лудо славје на Енфилд Роуд.
Миленикот на КОП го прослави голот на оригинален начин - со рака го покри повреденото око.