Динамо Загреб го прегази Фенербахче, Милан се намачи во Луксембург

Откако Лига на шампиони им избега во само неколку минути од плејофот, фудбалерите на хрватскиот шампион го згазија Фенербахче со 4-1 во Загреб. Милан едвај со среќниот гол на Игуаин минимално го победи анонимниот Дуделанж.

По 12 натпревари од новиот термин 18:55, уште 12 се одиграа од 21 часот. Македонските репрезентативци немаа успешна вечер: Ељиф Елмас го одигра целиот меч против Динамо Загреб и беше дел од еден од најтешките порази во Европа на Фенербахче (4:1). Аријан Адеми не играше поради повреда.

Иван Тричковски и Даниел Мојсов со нивниот АЕК Ларнака изгубија дома 0:1 од Цирих после пеналот кој со рака го направи стоперот. Бобан Николов одигра 78 минути и беше поразен дома од Бате Борисов со идентичен резултат.

Единствено Стефан Ристовски славеше вечерва, откако неговиот Спортинг Лисабон ја оправда улогата фаворит и со 2:0 го совлада Карабаг.

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО ЛИГА ЕВРОПА:

21.00

Група А
АЕК Ларнака - Цирих 0:1 (0:0)
/Кололи 61'/


Лудогорец– Баер Леверкузен 2:3 (2:1)
/Кесеру 8', Марселињо 31' -Хаверц 38, 69', Телин 63'/

Група Б

Лајпциг - Салцбург 2:3 (0:2)
/Лајмер70', Поулсен 82 - Дабур 20', Хаидара 22', Гулбрандсен 89'/
Селтик – Розенборг 1:0 (0:0)
/Грифитс 88'/

Група Ц

Копенхаген- Зенит Ст. Петербург 1:1 (0:1)
/Сотиру 63' -Мак 44'/
Славија Прага - Бордо 1:0 (1:0)
/Змрхал 35'/

Група Д

Динамо Загреб – Фенербахче 4:1 (2:0)
/Шуниќ 16', Хајровиќ 27’, 57', Олмо 60' - Нојштатер 47'/

Спартак Трнава - Андерлехт 1:0 (0:0)
/Оравец 79'/

Група Е

Арсенал– Ворксла 4:2(1:0)

/Обамејанг 32, 56', Велбек 48', Езил 74 - Чешнаков 77’, Шарпар 94'/

Спортинг - Карабаг 2:0 (0:0)
/Рафиња 54', Кабрал 88'/

Група Ф

Дуделанж– Милан 0:1 (0:0)
/Игуаин 59'/

Олимпијакос - Бетис 0:0