Offside

На 12.000 км оддалеченост од стадионот Олимпико во Рим, чукаат бело сини срца. Циркузи се со видеата.

Добро ќе престанете да глумите фаули?

Таман ќе помислиш дека ќе научат од туѓите грешки и конечно ќе им дојде памет, тие се копираат едни со други. Со ново театрално паѓање се селиме во Полска или поточно во екипата на Гурник Забже. Судијата имаше очи и му извади картон.

Не е до судиите, Вардар и сезонава е многу јак

Гостинскиот триумф над Веспрем и домашниот против Рајн Некар се доказ плус дека и покрај продажбата на важни имиња, Вардар годинава повторно сериозно ќе гризе за високи дострели. Гигантите го потценија па сега плачат за судењето.

Руски репрезентативци претепале непознати луѓе, Зенит раскинува договор со едниот

Руската јавност е фрапирана од новиот тежок инцидент кој го направиле двајца колеги од репрезентацијата на земјата која стигна до четвртфинале на Светското првенство летово. Александар Кокорин и Павел Мамаев пред бркање од своите клубови Зенит и Краснодар.

Што кола возел Мурињо на 18 години?

Ексцентричниот португалски стратег има многу што да раскаже на оваа тема, како на пример и тоа дека има заспиено во сред возење, како и спасено живот на клупски колега. Сега му е полесно, бидејќи друг го вози.

Еуфоричен пречек на Хабиб Нурмагомедов во Дагестан

По 17-часовниот пат од САД до дома, Хабиб го пречекале еуфорично како да е избран нов претседател на кого му се поклонува целата земја. Човек што не знае што се случува кога би гледал од страна би мислел дека дошол некој чудотворец а не тепач од UFC.

Го видовте ли царот на колото во Германија?

Гледач на мечот Дизелдорф - Шалке тргнал на полувремето да купи пиво и се вратил не со едно туку со осум и плус вурц сендвич во рака. Носи дрес од Црвена звезда.

Како изгледа атмосферата на дерби во Алжир

Дерби натпревар е широк поим. Познато е дека ако одите по тури да ги посетувате, морници ќе ви лазат на вечното дерби во Рим, на Ѕвезда - Партизан во Белград, а посебно на она во Буенос Аирес. Во категоријата на нешто посебно влегува и ова дерби со величествен амбиент меѓу УСМ Алжир и МК Алжир. Да не верува човек дека ваква лудница може да има и во Алжир.

Кога Робин ван Перси се вози по улица и наидува на школо

Колку е сакан во својот Ротердам покажува и тоа што застанал да се слика со едно дете а веднаш се јавил детски џагор и толпа ученици да го гушнат.

Топовски удар од соблекувална

Трката за гол на сезоната во Ирска може слободно да заврши бидејќи фудбалерот по име Јан Морисон има левица на која тешко дека некој може да и конкурира. Не од соблекувална, туку од паркинг ја опали.

Рамстор ја врати формата и дојде до победа над Пекабеско

Екипите на Макпетрол, Матрикс и Рамстор со победи го отворија третото коло од Бизнис лигата на Македонија.

Полјакот од Џенова нема намера да застане, ги шие Игуаин и Роналдо

Само неколку дена откако пишавме за него, полскиот центарфор кој го носи нападот на Џенова, во неделата пак даде гол и сега е на бројка од 13 гола на 8 меча.

Махер на колото од Охрид кој здрви 2,3 милиони денари

Тикетот ни стигна викендов, ама не е одигран викендов, туку во средата кога имаше Лига на шампиони. Секоја чест за храбрата уплата која затоа пак му донесе доста сочна исплата.

Еден нормален и еден поинаков начин на прослава за Нурмагомедов

Хабиб Нурмагомедов и Конор МекГрегор ги оправдаа, а можеби и ги надминаа очекувањата на гледачите кои се по вакви борби. Такво нешто веројатно може да се каже и за славјето во неговата земја.

Како се гинеше во Јунајтед за време на Ферги

Што, ќе ми водите само 1:0 со Виган? Абе има да трчате сè додека не ги наполните па макар јазикот ви паднал до пупак. Тоа беше Манчестер Јунајтед, прво го гледаш Сколс како брка пресинг во напад, а по некоја секунда се вратил да покрие во одбрана. Сега главна преокупација во тимот е кавгата меѓу Мурињо и Погба за некое си видео што го постирал на Инстаграм.

Пенал со салто за кој нема голмански рецепт

Се вика Норик Авдалјан и игра за тимот на техничкиот факултет во Универзитетска лига во рускиот град Казан. Неговиот трик од пенал веќе има милион прегледи.

Страшна фудбалска интелигенција

Голманот се спрема да изведе, противникот ти се поставува со пресинг, голманот ти ја подава, чуварот ти е на 7-8 метри со што имаш можност да се наместиш и да ја расчистиш, а ти го одбираш најлошото можно решение. Се работи за Бразилецот Валас од Лацио, на кој Неста, Стам и Михајловиќ НЕ се горди. Да не реагираше Томаш Стракоша како што треба, Лацио - Фиорентина немаше да заврши 1:0.

Џон Тери со пост на Инстаграм се прости од фудбалот и заврши кариера

Џон е жива легенда на Челси, фудбал професионално играше 23 години од кои само една година се пресели да игра во Бирмингем за да и помогне на Астон Вила да се врати во Премиер но не успеа во финалето на плејофот.

Голман даде гол во продолжение и извади бод за екипата

Унион Берлин губеше 0:1 од Хајденхајм во втората германска Бундеслига но во судиското продолжение Рафал Гикевич, полскиот голман на домашните стана јунак откако со глава ја заби топката во гол за 1-1 и голем бод. Унион е второ место во лигата.

Така лесно мислиш ќе го лобуваш Џиџи

Мемфис Депај фина ти беше идејата, ама не заборавај дека голманот на ПСЖ не се вика Кире Трајчев, туку Џиџи Буфон на кого тие 40 години воопшто не му тежат. Се истегна и ја пипна со прсти доволнo за да не прими гол. 

4 гола за 13 минути на 19 години и песна за Мбапе

Времето на Роналдо и Меси полека изминува или за некое време ќе измине, ама затоа доаѓа моментумот на некои нови клинци. Меѓу главните сигурно ќе биде Килиан Мбапе кој изминативе две години постојано руши рекорди.

Несторовски го реши Кротоне во 86 минута

Капитенот на Палермо се враќа во голгетерска форма во вистински момент пред двата меча на Македонија во Лига на Нации (13-ти со Лихтенштајн и 16-ти со Ерменија). По двата први гола сезонава против Перуџа, синоќа сам му донесе победа на својот тим во последните минути. Финта со лева, па мајсторски пласирана со десна за Палермо - Кротоне конечни 1:0.

Неславна екскурзија за Металург во Данска, пораз од 8 гола разлика

Четврти меч - четврти пораз за момците на Данило Брестовац во Лигата на шампионите. Силкеборг - Металург 33-25 (16-14). Шанса за први бодови ќе се бара во следното коло против Чеховски медведи.

Хабиб го прекрши Конор МекГрегор, па се степа и со публиката

За разлика од многу борби во минатото за кои се зборуваше со месеци па на крајот гледавме приспиванка, овојпат Нурмагомедов и МекГрегор ги оправдаа очекувањата на гледачите и пружија одлична борба која продолжи и доле на трибините.