Прошталниот пост Тери (37) го објави синоќа на Инстаграм.
На почеток на писмото Тери им заблагодарува на семејството - жената Тони и двете деца кои секогаш му биле поддршка. Родителите Сју и Тед Тери, како и брат му Пол кој му помагал со совети низ целата кариера.
После Џон раскажува за својот пат во Челси, Нотингем и Вила:
„На 14 години го донесов најважното и најдоброто решение во животот - да преминам во Челси. Тешко ми е да пронајдам зборови со кои ќе опишам колку многу ми значи секој човек во клубот, особено навивачите.
Од самиот почеток ме поддржуваа во се, без разлика дали сум на терен или надвор од него и во мене се роди неверојатна позврзаност со нив. Многу преживеавме заедно, многу прекрасни моменти. Без вас немаше да бидам успешен. За мене вие сте најдобри навивачи на светот. Се надевам дека сте горди што го носев дресот на нашиот клуб и капитенската лента.
Сакам да им заблагодарам на сите мои соиграчи, менаџери, управата и клупскиот персонал. Беше чест да се работи со вас и да се учи од вас. Благодарение на вас јас одиграв 717 натпревари за саканиот клуб. Лична привилегија за мене беше да му служам на клубот како капитен.
Вие ми помогнавте да станам капитен на репрезентацијата на Англија што ми беше сон од детството. Ќе бидам горд на тоа цел живот.
Мојата клупска кариера и моето срце засекогаш ќе му припаѓаат на Челси но благодарен сум и за позајмицата во Нотингем Форест во 1999 година. Тоа искуство за мене како млад играч стана бесценето.
Сакам да и кажам огромно благодарам и на Астон Вила за тоа што ми пружи можност да играм за таков клуб и да бидем капитен во сезоната 107/2018. Ми беше чест.
Гледам напред во следното поглавје од мојот живот и предизвиците пред мене.
Сите успеси на Џон Тери се врзани со Челси. Заедно со „сините“ освои пет титули во Премиер лига, пет ФА Купа, три Лига Купа, 1 Лига на шампиони, 1 Лига Европа и два Суперкупа на Англија.
No defender has netted more goals in Chelsea history than John Terry’s 67... 🙌#CaptainLeaderLegend pic.twitter.com/EcBtVVZrbQ
— Chelsea FC (@ChelseaFC) October 7, 2018
Согласно гласините, 37-годишниот Англичанецот ќе се врати на „Вила Парк“ каде би требало да му асистира на новиот тренер кој веројатно ќе биде легендата на Арсенал Тиери Анри.