ПСЖ го декласираше Лион со 5:0, првиот гол го даде Нејмар во 5-та минута, а потоа мрежите мируваа скоро еден час, па на сцена стапи младиот француски “убиец“.
Килиан Мбапе стрелаше 4 пати за 13 минути нешто што не му успеало на ниту еден друг толку млад играч во Франција скоро половина век. Погоди во 61-ва, 66-та, 69-таa и 74-та минута.
Со ваков напад само прашање на време е не дали Парижаните ќе ја одбранат, туку кога ќе ја одбранат титулата во Франција. Имаат 9 од 9 и 32 дадени и 6 примени гола. На второпласираниот Лил му бегаат 8 бода.
61-ва минута
66-та минута
69-та минута
74-та минута
Рапери од Бугарија се отворија и фатија да рапуваат верглајќи му го името.