Што кола возел Мурињо на 18 години?

Ексцентричниот португалски стратег има многу што да раскаже на оваа тема, како на пример и тоа дека има заспиено во сред возење, како и спасено живот на клупски колега. Сега му е полесно, бидејќи друг го вози.

Жозе Мурињо е обожавател на рели возењето, но сега има вработено личен шофер со образложение дека не сака да вози во Англија. Тој секој ден патува со своето Бентли или Јагуар од Лоури хотелот до базата на Манчестер Јунајтед.
„Не сакам да возам во Англија. Треба да бидам фокусиран за да возам на другата страна на патот. Уживам кога возам во Португалија, а тука не. Имам личен шофер, така што можам да зборувам на телефон или да гледам филм“.
На таа пара и слава ова е најнормална ствар за лик како него. Но она што е интересно е да се види од што кола почнал. И Жозе како и сите други некогаш бил тинејџер, а првата кола која му ја купил татко му е Рено 5 во 1981-ва година.
„Првата кола ми ја купи татко ми на 18 години кога положив за возачка. Беше Рено 5, сребрена боја. Тогаш со неа одев на факултет во Лисабон, на 40 милји од дома.
Потоа од првите заработени пари возел Хонда Цивик.
 
 
Одиме години напред односно во февруари 2008-ма кога пет месеци откако бил отпуштен од Челси, Португалецот имал достава на врата. Надвор било паркирано Ферари Скаљети 612 вредно 250.000 фунти, едно од 60-те произведени како дел од 60 годишнината на италијанскиот производител.
 
 
Изненадувачкиот подарок пристигнал од газда Абрамович на кој Мурињо му рекол дека ако има можност да одбере, би се решил за Скаљети, ама со четири седишта.
 
Потоа му се случи славната 2010-та со Интер на која решил сам да си се почасти.
„Ја имав најдобрата сезона во кариерата кога со Интер ја освоив тројната круна, а истовремено и наградата на ФИФА за најдобар тренер. 2010-та ми беше посебна година и решив да си купам кола Астон Мартин Рапид. Кога ја купив им реков на син ми и ќерка му дека не е за продажба и да ја чуваат засекогаш“.
Мурињо имал и две опасни незгоди и многу среќа што денеска е жив и здрав.
 
Првата во времето кога му бил асистент тренер на Сер Боби Робсон во Барселона 1996-та година. Тогаш возел Сузуки Витара која завршила во отпад.
 
„Имав сообраќајна несреќа. Отидов со Робсон за да потпише договор со Барселона, а на враќање фати касно и кога се враќав накај Португалија заспав на волан. Скршив неколку ребра и завршив со неколку конци на глава. Имав многу среќа“.
11 години претходно Мурињо сакал да се врати од тренинг со колата на негов соиграч, но кога ја запалил колата, се случила експлозија. Колата изгорела, Жозе се спасил, а успеал да го извлече и клупскиот колега.
 
 
Тоа од прилика е минатото на Мурињо со неговите коли. Денеска славниот тренер е амбасадор на Јагуар за Британија. Уште кога во 2016-та неговото име се поврзуваше со тренерски ангажман во Јунајтед, спонзорот твитна за да му честита за неговата нова работа уште пред да биде објавено.
 
Со оглед на сè поголемиот притисок врз него на клупата на Олд Трафорд, можеби нема да помине многу време до следниот твит на Јагуар. Како и да е Португалецот нема да се вози сам.
9 октомври 2018 - 12:50