Offside

На 12.000 км оддалеченост од стадионот Олимпико во Рим, чукаат бело сини срца. Циркузи се со видеата.

Навивач на Рома ги изремети Мадриѓаните на Олимпико

Колку и да мислат дека можеби неговиот циклус на Бернабеу заврши каде тој му даде сè на клубот, сепак нема шанси да не ги пецнало ова. На мечот од ЛШ меѓу Рома и Реал, италијански навивач, наверојатно романист, си играше мајтап со гостите, покажувајќи им ја 7-ца на Јуве.

Голманот кој има јак грб

Интервенцијата на годината ја нема Де Хеа, Тер Штеген или Донарума, туку најверното другарче на овој голман во третата аргентинска лига. Она кое секогаш гледа да го заштити газдата, па дури и кога ќе се изглупира со дегажирање.

Лука Модриќ е фудбалскиот владетел за 2018-та година

Она што се шпекулираше, а многумина го претпоставуваа и очекуваа, вечерва само се официјализираше. Плејмејкерот на Реал Мадрид и Хрватска, Лука Модрид е новиот освојувач на Златната топка.

Порака до Наполитанците: „Еве ви ѓубре за да се чуствувате како дома“

Поради настапите на Наполи во Лигата на шампионите (триумф од 3:1 над Црвена звезда), мечот против Аталанта во Бергамо ќе го одиграат вечерва од 20:30. Но можно е и да не се одигра ако се случи тоа што со денови се најавува.

Тоа е тој муабет на високо ниво меѓу Мамиќ и новинар

Здравко Мамиќ престојува како бегалец во БиХ, бидејќи во Хрватска е осуден на шест и пол години затвор. Организира прес конференција и таа минува во негов стил, со таа разлика што сега се најде јунак меѓу новинарите да му го плесне во фаца, ама во Мамиќ стил. 

Можеше барем за половина да ја фатиш

Нема дефанзивец кој не се кочи кога треба да го чува Меси, ама чекајте сега да го видите тој како се кочи. Во споменик се претвори.

Мајсторијата на Шилегов

Металург загуби 30-24 во последното коло од Лигата на шампионите но еден погодок на Мице Шилегов на овој меч, влезе на листата најдобри 5 на колото.

Како Босанец стана НБА ѕвезда благодарение на тоа што татко му истепал 14 хулигани

Кошаркарскиот пат на Јусуф Нуркиќ е толку фасцинантен што ако еден ден се појави филм на темата, големи се шансите да конкурира за сериозни награди по фестивалите. Преубава приказна.

Гладијаторот кој игра фудбал 13.000 минути без престан

Заморот е нешто на што ние фудбалерите не би смееле ниту да помислиме, вели човекот кој и пркосеше на најопасната болест (два пати) и кој го брка рекордот на Хавиер Занети.

Жељко знае да им вика на играчите, ама знае да поведе и оро

Во Фенербахче Обрадовиќ им е како татко на играчите а за тој однос на времето зборуваше и нашиот Перо Антиќ. Пред неколку дена на Јан Весели му се родило дете а прославата била во ресторан во Истанбул каде Жељко повел едно традиционално орце.

Голманска грешка на годината 2018

Во Чемпионшип сезонава е весело: Лампард го тренира Дерби и добро му оди (го елиминираше Манчестер Јунајтед од Купот), Лидс на нашиот Алиоски предводен од Карлос Бјелса дава многу голови и има најава за фантастичен втор дел од сезоната.

Во Барселона има ново чудо од дете

Се вика Карлес Алења, роден е во едно мало каталонско градче. Има 20 години и веќе го сметаат за можен наследник на Чави во средниот ред. Синоќа на додавање на својот идол го даде првиот гол во шпанското првенство.

Многу неспортски потег е ова

Дерби е, и тоа она меѓу ПСВ и Феенорд. Домаќините имаат шанса за гол, а гостите им ја уништуваат и создаваат конфузија на терен на ептен нечесен начин, со уфрлување на уште една топка на терен. Колку ниско.

На часови по одбрана кај Домагој Вида

Со голот на Адем Љаиќ, Бешикташ го доби големото турско дерби против Галатасарај, а неговиот колега од одбрана, Хрватот Вида демонстрираше потег кој сигурно високо би го оцениле Кјелини и Бонучи. Многу искусно и интелигентно изведено.

Навивачите на Јуве демонстрираа висока класа во Фиренца

Средбите меѓу Фиорентина и Јувентус обично не носат пријателски сцени на трибините и е така подолго време. Виолетовите уште ги тераат оние невкусни шеги за загинатите Бјанконери во трагедијата Хејсел, но навивачите на Јуве барем за момент ги закопаа секирите и направија потег број 1 на Артемиот Франки, Го скандираа името на капитенот на Фиорентина кој лани почина во сон.

Извлечени квалификациски групи за Европско2020, Македонија во пристојна група

Во престолнината на Република Ирска, Даблин, во 12 часот по средноевропско време се извлекоа квалификациските групи за ЕП 2020 година кое за првпат во историјата ќе се игра на различни места во повеќе градови.

Инаку ова е само тренинг

Галатасарај денеска од 18 часот има дерби со Бешикташ, а последниот тренинг го одржаа со слаба посетеност од само 40.541 навивачи, само. Па и атмосферава не им е ништо посебно, нели?

Многу многу многу импресивен потег

За овој многу многу многу импресивен потег, потребни се многу многу многу муда и памет. На Фабиан Делф од Манчестер Сити не му чуеше за ризикот. Ф-р-а-е-р-ч-и-н-а.

Важна победа на Вардар над Кјелце, Душебаев исвиркан

Ракометарите на Вардар остварија многу важен триумф над големиот ривал Кјелце со 28-27 (14-11) и со два освоени бода се искачија на второто место и обезбедија место во Топ16 фазата.

Неостварливиот сон на неповторливата Југославија

Инспирирани од вчерашниот ден на СФРЈ кој на времето се празнуваше на 29-ти ноември, одиме со најносталгичната фудбалска приказна на овие простори. Последната нивна победа, последниот меч и начинот на кој и беше ставена бодликава жица да не може да припари на ЕП 1992.

Нова волшебна кореографија во Франкфурт

Ако за Лига на шампиони може да се каже дека конкуренцијата за најдобри навивачи е голема, истото важи и за Лига Европа каде за сега со сите изданија водат оние од Франкфурт.

Ривер - Бока на Бернабеу во Мадрид, ама навивачите не сакаат таму

Суперкласико нема крај. По сè што се случуваше, на крајот од Конмебол решиле и официјално реваншот да се игра на стадионот на Реал Мадрид. Фрштат казни на сите страни.

Најлудата акција во Лига Европа на мечот Стандард - Севиља

Групата Ј во Лига Европа е најзаплеткана. Севиља и Стандард Лиеж имаат по 9 бода на второто и третото место и во последното коло ќе се борат за пласман понатаму. Синоќа во Белгија Стандард славеше со 1-0 а на крајот можеше и поубедливо. 93’ минута во судиското продолжение - легендарна акција: