По 10 години во низа, Лука Модриќ им ја прекина доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои беа неприкосновени кога е во прашање изборот за фудбалер на годината според „Франс фудбал“.
Најпрестижниот француски магазин од 1956-та година го доделува ова признание и за прв во историјата наградува хрватски фудбалер. Пред да почне низата на Меси и Роналдо, Златна топка во 2007-ма беше Кака.
Модриќ до ова признание стигна убедливо со 753 поени, пред Роналдо кој освои 476. Меси се најде на петта позиција, а со сиромашни 19 поени Нејмар заврши на 12-та позиција.
Ballon d'Or 2018:
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) December 3, 2018
1.Modric 753 pt
2.Cristiano 476
3.Griezmann 414
4.Mbappé 347
5.Messi 280
6.Salah 188
7.Varane 121
8.Hazard 119
9. De Bruyne 29
10.Kane 25
11.Kanté 24
12.Neymar 19
13.Suarez 17
14.Courtois 12
15.Pogba 9
16.Aguero 7
17.Bale, Benzema 6
19.Firmino, Rakitic, Ramos 4
За мозокот на актуелниот првак на Европа, 2018-та е година од соништата. Прво стигна до четвртата европска титула со Реал Мадрид, а потоа блесна на Мундијалот во Русија и ја однесе Хрватска до финале.
Хрватот само годинава беше прогласен за најдобар играч на СП 2018, најдобар играч според УЕФА во Лига на шампиони, најдобар играч во светот според ФИФА, а вечерва Златната топка му беше круна во кариерата.
На церемонијата во Париз, наградата за најдобар млад играч отиде во рацете на Килијан Мбапе.
Последните 18 освојувачи:
#ballondor
— #ballondor (@francefootball) December 3, 2018
01🇬🇧 Owen
02🇧🇷 Ronaldo
03🇨🇿 Nedved
04🇺🇦 Chevtchenko
05🇧🇷 Ronaldinho
06🇮🇹 Cannavaro
07🇧🇷 Kaka
08🇵🇹 Ronaldo
09🇦🇷 Messi
10🇦🇷 Messi
11🇦🇷 Messi
12🇦🇷 Messi
13🇵🇹 Ronaldo
14🇵🇹 Ronaldo
15🇦🇷 Messi
16🇵🇹 Ronaldo
17🇵🇹 Ronaldo
18🇭🇷 Modric