Ривер - Бока на Бернабеу во Мадрид, ама навивачите не сакаат таму

Суперкласико нема крај. По сè што се случуваше, на крајот од Конмебол решиле и официјално реваншот да се игра на стадионот на Реал Мадрид. Фрштат казни на сите страни.

Јужно-американската фудбалска федерација Конмебол решил да стави крај на шпекулациите дека реваншот од финалето на Копа Либертадорес ќе се игра те во Парагвај, те во Уругвај, те во Русија.

На крајот - двата најголеми аргентински клуба ќе се судрат на „Сантијаго Бернабеу“ во шпанската престолнина на 9 декември (недела)

Претседателот на Бока Јуниорс барал службена резултат од 0-3 во полза на неговиот клуб поради пеколот низ кој поминаа вечерта кога требаше да се игра реваншот на стадионот на Ривер, но Конмебол го одбил.

Ривер е казнет со 400.000 долари и два натпревари пред празни трибини во следното издание на Копа Либертадорес. За мечот да се одигра на Бернабеу се согласиле и ФИФА, а дале дозвола и Реал Мадрид и шпанската фудбалска федерација (Rfef).

Како што е договорено, Бока за Шпанија ќе отпатува во вторник и ќе тренира во кампот на шпанската фудбалска репрезентација Ciudad de fútbol de Las rozas.

Ривер Плејт ќе биде примен од Реал Мадрид, односно ќе престојува и тренира во базата на „Кралевите“ во Валдебедас.

КАКО СЕ РЕШИЈА ЗА МАДРИД?

Првиот човек на Реал Флорентино Перез има добри односи со претседателите на Бока и Ривер, а во Мадрид има и бројна аргентинска дијаспора (околу 71.000 луѓе во цела Шпанија).

Меѓу варијантите за одигрување на реваншот на финалето беше и Доха, пред се поради спонзорството на Катар Ервејс на Конмебол (Катар понудил по 14 милиони евра на двата клуба финалисти и покривање на сите патни трошоци).

Се споменуваа и Барселона (Камп Ноу) како и Сао Паоло (бразилскиот град со преку 11 милиони жители), како и Мајами и Џенова.

РИВЕР НЕ САКА ДА ИГРА НАДВОР ОД МОНУМЕНТАЛ

Родриго Д’Онофрио, првиот човек на Ривер објавил соопштение во кое апелира казните да бидат поништени и барал реваншот да се игра на нивниот стадион како што и беше предвидено од почеок.

Навивачите на Ривер исто се противат на евентуален меч во Мадрид затоа што сметаат дека така не би ја имале бројчаната надмоќ на трибините, каква што Бока имаше на првиот меч. Ниту најголемиот ривал, Бока Јуниорс не сака да го игра реваншот во Мадрид. Раководството на овој клуб сака преку суд Ривер да биде дисквалификуван и нив да им биде доделен трофејот по службен пат.

30 ноември 2018 - 13:16