Мангупските дресови кои ги правеше Kappa - брендот од стара школа

Уште во ’90-те години Kappa беше еден од највлијателните фудбалски брендови на свет. Во најдобрите години оваа фирма ги спонзорираше Јувентус со Платини и Зидан, легендарната Барса на Кројф, Милан на Ван Бастен, Рома со младиот Тоти и други топ европски клубови.

Британските навивачи носеа гардероба Kappa која што на островот стана еден од симболите на британскиот поп.

На почетокот на 2000-те Kappa излезе од мода, а Nike и adidas го презедоа приматот меѓу топ клубовите. Но во последните години италијанскиот бренд одново е актуелен и тоа благодарение на трендот од ’90-те.ž

ИСТОРИЈАТА НА KAPPA

Се започнало во 1916 година, кога во Торино основале компанија за производство на чорапи и долна облека Calzificio Torinese. В 1955 година фирмата се преименувала во Maglificio Calzificio Torinese.

Во средината на ’50-те години Maglificio Calzificio Torinese бил лидер на својот пазар во Италија но во еден момент морал да врати голем дел неискористена роба.

После тоа компанијата размислила да ја маркира буквата K (инспирирано од германскиот термин kontroll) што симболизирал загарантиран квалитет. Продажбата брзо пораснала а буквата K постепено ја користеле преку грчкиот израз за буквата „к“ - kappa.

На крајот од ’60-те години пораснала популарноста на унисекс облека па Maglificio Calzifico Torinese почнал со диверсификација и ги пуштиле во промет ултрасовремените брендови Robe di Kappa и Jesus Jeans.

А во 1978 година Марко Бољоне, млад менаџер по продажба и шеф на маркетинг, го убедил генералниот директор на компанијата Маурицио Витале да создадат чист спортски бренд Kappa како одговор на современиот Robe di Kappa.

Денес Бољоне е претседател на BasicNet Group компанија која е сопственик на брендот Kappa.

Познатото лого на Kappa наречено Omini (луѓе) се појавил случајно во 1969 година. На снимњето реклама за костимот за капење Beatrix (уште еден бренд на оригиналниот Maglificio Calzifico Torinese) се појавиле студент и студентка.

Во еден од кадрите двајцата седеле грб со грб а од силното сонце на фотографијата се појавиле нивни силуети. Сликата во прв момент многу им се допаднала на шефовите и брзо станала главно лого на брендот. Џејсон Ферклау, маркетинг директор во Kappa вели дека логото на брендот станал симбол за еднаквост меѓу мажите и жените во спортот.

Минатата година се појавил и фамозниот студент од првата оригинална фотографија која од сончевиот отсјај излегле интересни суети. Тоа е 68-годишниот Ренцо Ричиарди кој тогаш имал 19 години. 

Ренцо денес живее на Сардинија и има сопствена туристичка лука. А девојката не ја нашле.

Kappа и топ клубовите

Во 1978 година Kappa станала прв главен бренд во Италија којшто го спонзорирал фудбалскиот клуб Јувентус. Идејата била дресовите на Јуве да ги прави најпознатата фирма во земјата.

Марко Бољоне раскажува како Kappa влегла во фудбал. „Отидовме кај Џампјеро Бониперти (легенда и претседател на Јувентус од 1971 до 1990 година) и Маурицио Витале (директорот и основач на Kappa) кажа: „Сакам да го спонзорирам Јувентус.“ А Бониперти одговори: „Што значи тоа спонзорира“? -Сакам да го ставите логото на Robe di Kappa на дресовите на Јувентус“, му Витале.“

29 март 1987, младиот Мишел Платини во дрес Kappa

Во ’70-те години генерални спонзорства биле реткост во фудбалот. Најмногу проблеми имале во Англија. Фудбалската асоцијација на оваа земја го казнила со 1.000 фунти клубот Кетеринг Таун за тоа што на своите дресови го испечатиле името на спонзорот Kettering Tyres Ltd.

BBC и ITV одбивале да ги пренесуваат натпреварите на кои играле тимови со спонзори на дресовите. Во 1979 година Ливерпул потпишал договор со Hitachi во кој имало клаузула дека кога ќе ги пренесуваат нивните средби на телевизија, логото на спонзорот нема да биде на дресот.

Но Kappa се договорила со најдобрите италијански клубови и постепено влегувала на терен кај другите европски гиганти.

Барселона немала генерален спознор до 1981 година. Од 1981 до 1991 клубот за технички спонзор го имал брендот Meyba на чие место доаѓа токму Kappa (се задржала на Камп Ноу до 1998 година кога Барса потпишала богат договор со Nike).

Освен Јувентус и Барселона, во ’80-те и ’90-те Kappa ги облекуваше и Ајакс, Милан, Рома и италијанската репрезентација.

Барселона на Кројф во сезоната 1993/94

Јувентус ја освои Лига на шампиони 1995-96 со дресови Kappa

Барселона го освои Купот на Купови во 1996-97 во дресови Kappa

Италија изгуби во финалето на Европско 2000 во дресови Kappa

Траен белег Kappa остави во Јуве чија опрема ја произведуваше од 1978 до 1999