Во финишот од дуелот со Андерлехт, Мурињо извади од џеб мал предмет и го бакнуваше. После мечот новинарите го прашале што е таинствениот предмет кој го бакна пред Маркус Решфорд да го даде решавачкиот гол.
Им одговорил дека е поврзано со религијата: „Дадовме гол не поради тоа. Истото го правам во 17 години кариера. Тоа е просто моја религија, моја вера“, одговорил Мурињо.