Тренерите на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид се немаат сретнато на теренот во копачки, но отсекогаш биле фудбалски ривали затоа што ги носеле дресовите на големи градски непријатели.
Карло Анчелоти за време на својата кариера го носеше дресот на Рома и Милан и сега го предводи Реал Мадрид, а Диего Симеоне ја градеше кариерата во Лацио, Интер и во моментов го предводи Атлетико Мадрид. И двајцата имаат искуство од големи градски дерби натпревари кои со сабота ќе се обидат да го искористат на „Стадионот на светлината" во Лисабон на градското дерби во финалето на Лигата на шампиони.
Како играч на Рома, Анчелоти ја освои титулата во Серија А и четири италијански купови, а подоцна Симеоне го предводеше Лацио до тројна титула во Италија и трофеј од европскиот Суперкуп.
Откако се пресели во Милан, Анчелоти беше дел од четата на Ариго Саки и тој освои по две титули во италијанската Серија А, европскиот Куп и УЕФА Суперкупот. Симеоне пак го носеше дресот на Интер и го освои УЕФА купот.
Анчелоти и Симеоне никогаш не се сретнаа се додека не се пензионираа и ги започнаа тренерските кариери. Двајцата врвни фудбалери немаа шанса да се борат за средината од теренот во своите копачки, но во сабота како тренери на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ќе се спротивстават покрај теренот во борбата за европскиот трон.