Славен Билиќ е еден од најхаризматичните ликови во тренерската професија. Покрај фудбалот, животот го подредил и на рок музиката која што ја свири со другарите од младоста. Покрај фудбалот и музиката, Билиќ ја засакал и кошарката, пред се поради своите сограѓани Сплиќаните кои се прославија по светот.
„Во еден момент, во деведесетите години, во НБА лигата немаше многу странци. Сепак, само од мојот Сплит имаше повеќе кошаркари во НБА отколку од остатокот на светот. Имаше пет-шест, Тони Кукоч, Дражен Петровиќ, Дино Раѓа, Стојко Вранковиќ, Жан Табак“, ја пренесува Индекс изјавата на Билиќ за американските медиуми.
Општо е познато дека Сплит живее за Хајдук и Хајдук за Сплит, но Билиќ открива зошто ја засакал кошарката:
„Фудбалот ми беше подраг, но покрај фудбалот во Југославија кошарката беше главен спорт. Клубот од мојот град (Сплит) три години по ред беше првак на Европа со некои играчи кои подоцна заиграа во НБА лигата. Југославија имаше неверојатна репрезентација, а и сега Хрватска, Србија и Словенија се добри со неколку НБА играчи кој наведува и неколку српски играчи: Кон крајот на ’80-те и почетокот на ’90-те години имаше сјајни спрски играчи како Владе Дивац, Жељко Паспаљ, сјајниот тројкаш Пеѓа Стојаковиќ“, се сеќава хрватскиот тренер.
Билиќ е роден четири години после Дражен Петровиќ.
„Со него во 1992. година бевме во финалето на Олимписките игри и против Дрим Тимот дури и водевме во еден момент. Сепак беа многу подобри. Дражен беше голем кошаркар кој стално сакаше да се докажува. Беше неверојатен и посветен на спортот 24/7. Беше слаб по конституција, а на Реал во финалето на Евролигата му даде 62 поени. Во моментот кога загина верувавме дека ќе стане Ол-Стар играч затоа што блескаше во Нетси“.
Што се однесува до тренерската струка, Билиќ не се двоуми кој е број еден:
„Во Хрватска имаме добри тренери, но мене ме импресионира Жељко Обрадовиќ кој го водеше Фенербахче додека јас бев во Бешикташ. Тоа што го прави е чудесно, ја освои Евролига осум пати и има десетина трофеи од домашните првенства. Не знам дали е некој така доминантен во некој спорт. Гвардиола, Анчелоти, Мурињо и Фергусон не му се ниту близу на Жељко. Каде оди тој, таму стигнуваат победите“, заклучува некогашниот хрватски селектор.