Фубалерите на Арсенал не искористија прилика да стекнат предност пред реваншот во Мадрид иако речиси 80 минути играа со играч повеќе затоа што Шиме Вршаљко доби два жолти картони во рок од само 9 минути.
Веднаш по тој момент исклучен беше и Диего Симеоне кој жестоко реагираше кај францускиот судија, па целиот меч го догледа од трибините. Арсенал поведе преку Лаказет во 60’ минута, а Гризман во 82’ како змија им избега на противничките бекови и го олади „Емирати“ за конечни 1:1.
Марсеј со убедлива предност ќе патува во Салцбург. Реванш мечевите во Мадрид и во Австрија се на 3. мај а финалето е закажано за 16. мај во Лион.
Полуфинале на Лига Европа, резултати:
АРСЕНАЛ - АТЛЕТИКО МАДРИД 1-1 (0-0)
/Лаказет 60’ - Гризман 82’/
Црвениот картон на Вршаљко:
9 - Sime Vrsaljko has received both the fastest yellow card (1:15) and second yellow card (9:09) in the Europa League this season. Bath. pic.twitter.com/1GeBSL0NW2
— OptaJoe (@OptaJoe) April 26, 2018
Исклучувањето на Диего Симеоне:
Simeone has been sent off in a final (Champions League), semi-final (Europa League) & quarter-final (Copa del Rey). And he has got an England player sent off in the last 16 (World Cup).
— Richard Jolly (@RichJolly) April 26, 2018
ОЛИМПИК МАРСЕЈ - САЛЦБУРГ 2-0 (1-0)
/Туван 15’, Клинтон Нжи 63’/