Најубавата Германка од средниот век

„Секогаш на прво место, пред сите, со Ута од Наумбург.“
-Умберто Еко

Втората сезона на „И едноставно така...“ ќе била поинаква

Некои се прашуваат и како воопшто се одлучија на втора сезона со оглед на измешаните накај негативни критики, но факт е дека ќе ја има. И има една добредојдена промена.

Знаете дека ГнР биле обвинети за плагијат на Sweet Child?

Спојлер: Не е плагијат, ама мора да ја чуете.

Реалноста на Коучела

Фестивалот за чии карти луѓето се тепаат, каде што врие од инфлуенсери, ѕвезди и редовно се раѓа некој нов моден тренд, всушност е далеку од гламурозен, напротив - еден обичен фестивал на отворено.

Имало и такви што сакаат естетика од ‘80-те

Како е можно - не се знае, ама девојчево без гајле го тера трендот како никогаш да не запрел. Тоа коси разлетани, шишки во вертикала, грди фармерки, ентериер, касети... Додај нова технологија со ретро филтри за видео и имаш реклама од којзнае кои причини снимена на ВХС, најдена во подрум.

Зошто мажите носеле перики?

Преку еден век, европските мажи одбивале да излезат од дома без да натнат огромно перикиште, со локни или барем бранови, ако ништо друго. Но, напудрените перики не биле баш така наивна работа.

Њујорк станува прескап и за умерено богати

Улицата West 11th веќе некое време е магнет за супер-богати - комшии биле Сара Џесика Паркер, Лив Тајлер, Руперт Мурдок и други милијардери - и сега зградите се продаваат за по 30 милиони долари.

ТикТок се опседна со вода

Добредојдовте во WaterTok.

Филм за едни други кукли

Светот полуде за „Барби“ и веќе се договоривме дека сите ќе го гледаме, ама СНЛ, како и обично сака да праша нешто. Што ако има филм за Американ Грл Дол, оние кукли од друго време кога многу работи не биле баш барби-розеви?

Се претера ли со „тивок луксуз“?

Уште не стигна да се рашири концептот, а на некои веќе им е смачено.

H&M и Муглер

H&M има нова соработка, овој пат со Муглер и ваквите потези им се секогаш возбудливи. Ќе има облека за жени, мажи и ќе има додатоци - некои со највпечатливите силуети на Муглер. Официјално ја нарекуваат шанса да се прослави историјата и парчињата што до ден денес се обожавани.

Зошто некои луѓе секогаш доцнат?

Сите имаме такви во животот и навикнати сме на нив: што и да прават, не стигаат на време. И ова не се должи само на лошо менаџирање на време туку на комплексен сет од психолошки фактори.

Шанел класици станаа по 10.000 долари

Шанел ги зголеми цените на некои од класичните парчиња за 17% и ова се должи на пораснати цени на материјалот и трудот и сè поголемата побарувачка.

Мартин Мекдона: „Театрите стануваат опасно место за писатели“

Ирскиот оскаровец Мартин Мекдона, авторот на „Баншите од Инишерин,“ се пожали дека театри одбивале да постават негово дело на сцена затоа што не се согласувал со промени во јазикот.

Хали Бери објави убава (и гола) слика од себе, и луѓе се нервираат

Се случува славните некогаш да полудат и да објават разголеност за внимание, ама тоа обично излегува од имињата на кои сме навикнати. Ова е објавено со поинаква порака и многу е јасна, но не баш за сите.

Најновиот тренд за чизми, со Сара Џесика Паркер

Фала богу светкави обувки влегоа во мејнстрим, сега не мора попреку да ве гледаат.

Преправале стихови за филмот „Малата сирена“

„Луѓето се станати многу чувствителни“ вели авторот Алан Менкен за оригиналните стихови. Ги смениле заради „согласноста“. Сега ќе видиме.

Незамисливо, ама: Марго Роби не била прв избор за „Барби“

Ејми Шумер била. И откако не се нашле во замислата, го напуштила проектот.

Шпански вс. американски родители

Накратко, на Шпанците им оди многу подобро. Затоа што, и читајте убаво: „Во Шпанија, децата се адаптираат на распоредот на родителите.“

5 грешки што водат до ентериер без душа

Феникс Греј е канадски дизајнер на ентериер што себе се нарекува „татко на дизајнот“ и на социјални мрежи е популарен по советите што ги дели за уредување по дома.

Кратка историја на амајлиите со скапоцени камења

Шарените драги и полудраги камења и кристали се користеле низ целата човечка историја и спиритуално и естетски.

Сто години ѓердани

Знаевте дека оној чокер од ‘90-те, што личеше на тетоважа (и што првите што го ставија лажеа дека е тетоважа) се има појавено многу порано, кога данската кралица Александра го носела за да сокрие лузна? Сега знаете.

Како 1997 засекогаш ја промени модата

Во Пале Галиера во Париз има изложба (до 16 јули, кој сака) што се фокусира на модните достигнувања на 1997 и се вика 1997 FASHION BIG BANG. Името доаѓа од статија на Џоан Џулиет Бак која сезоната пролет/лето 97 ја прогласи за толку епска, што се споредува со радикално ширење на универзумот.