Сте пробале аудио еротика?

Колку секунди ви требаа да кликнете?

Ова е ново, или барем ние допрва го дознаваме: Содржина за возрасни која треба да донесе задоволство преку сексуално-експлицитно слушачко искуство.

Они може така си го викаат, ама сите знаеме дека е порно на слушалки. Обично се приказни, со сите звучни ефекти што би ги чуле на порно, само нема, нели, слика - остава на имагинација, нешто како еротски роман, само без да вртиш страници.

Основите се тие - еротоско, и често детално и експлицитно искуство. Се смета дури и за иднината на етичката порнографија (затоа што не ги деградира жените, ниту ги прикажува како секс-објекти).

Постојат и платформи што покриваат разни вкусови што можете да ги прочитате тука и ако ве интересираат да ги тестирате, ние ги пренесуваме некои од бесплатните, затоа што цените по маркети не се веќе замрзнати и треба да се планира буџет.

Квин - можеш да си ставаш и свои содржини и има многу аудио-клипови каде што креаторот ти се обраќа директно тебе. Има и за стрејт и за квир луѓе, машки и женски гласови, а секоја трака почнува со краток опис на сценариото. Оваа опција ја сметаат за многу експлицитна.

&Џејн - платформа каде што жени раскажуваат во прво лице за нивните еротски доживувања. Со други зборови, уживате во дескриптивно раскажување на нечиј (одличен) секс. Членовите можат да споделат и своја приказна анонимно, или само да бидат публика.

Литеротика - ентузијастите за еротски содржини може да го имаат и научено ова до сега, само што може не знаат дека има и хендсфри опција. Овде корисници среќно споделуваат што фиктивни, што нефиктивни содржини и има за секого по нешто.

Знаеме дека ви отворивме работа.

12 март 2024 - 00:00