Нив Кемпбел се враќа во „Вресок“

Кемпбел требаше да се пензионира од серијалот, ама откако настана хаос по бркањето на Мелиса Берера поради коментари поврзани со конфликтот меѓу Израел и Хамас, изгледа се промениja работите.

Во објава на Инстаграм, Кемпбел сподели дека ја побарале да се врати и со задоволство ќе се врати во „Вресок 7“ кој сè уште нема наслов, а ќе го режира Кевин Вилијамсон, сценаристот на оригиналниот, прв дел.

Во последниот ја немаше затоа што не успеала да се договори околу хонорарот. Последен пат се појави во „Вресок“ од 2022.

„Секогаш било забавно и чест да се игра Сидни во филмовите,“ напиша Кемпбел. „Никогаш не престанав да ги ценам овие филмови и нивното значење за мене. Многу сум среќна и горда што ќе ви кажам дека ме прашаа, најпристојно што може, да ја вратам Сидни назад на платно и многу сум среќна!“

Вели дека со години сонувала да направи „Вресок“ со Вилијамсон.

„Поминаа речиси 30 години откако моето прво сценарио, ‘Вресок‘ го режираше легендарниот Вес Крејвен,“ напиша Вилијамсон на неговиот Инстаграм. „Не можев ни да предвидам во што ќе се претвори. Или дека ќе го режирам седмиот дел.“

Инаку, откако ја отпуштија Мелиса Барера, напушти и Џена Ортега, на која се надеваа дека ќе ја предводи новата ера на „Вресок“. Ортега наведе „проблеми со распоред“, па потоа наскоро напушти и претходниот режисер, Кристофер Ландон.

„Вресок 6“ го сруши рекордот на оригиналот и заработи 108,1 милиони долари дома, а глобално 168,9 милиони.

13 март 2024 - 11:42