„Вресок 7“ останува без двете главни актерки

Откако ја отпуштија Мелиса Барера, а Џена Ортега не може да постигне да снима и тоа и „Среда“, продукцијата е соочена со креативен предизвик за продолжување на франшизата.

Спајглас ја отпушти Мелиса Барера откако нејзините ставови искажани на социјалните мрежи ги прогласија за антисемитски, но набрзо потоа, од екипата на Џена Ортега чија слава вртоглаво порасна откако прв пат се појави во серијалот, соопштија дека нема да може да се вклучи во продолжението. Причината се конфликти во распоредот, бидејќи Ортега во моментов снима „Среда“. Инаку, во филмот играат сестри.

Луѓето се крајно незадоволни од отпуштањето на Барера, до степен да го испровоцираат режисерот да твитне, па да избрише:

„Сè е за никаде. Престанете да се дерете. Ова не беше моја одлука.“

Личи како продолжението да ни се распаѓа пред очи, но веројатно имаат намера да разместат нешто во основата. Продукцијата дури и се надева дека ќе има среќа повторно да си ја повлече назад Нив Кембел која мислеше дека завршила со „Вресок“ уште од пред да излезе последниот, затоа што не се согласија околу плаќањето. Се надеваат и на Кортни Кокс и на Патрик Демпси (па и ние), ама веројатно останува да почекаме.

Идејата е нов „Вресок“ да дојде во кино до 2025, и без разлика што почнуваат пак „од нула“, многу е можно да се постигне со оглед на тоа што сценаристите ги бива, а филмот не бара марвеловски специјални ефекти.

28 ноември 2023 - 00:00