Сте слушнале ли за автосексуалност?

Кортни Кардашијан сподели статија за „автосексуалност“ - кога те возбудува сопствениот еротизам - и со тоа се прогласи за автосексуална. А по природа, изгледа сите сме на спектарот.

Текстот што го споделува прво прашува „Дали сте автосексуални?“, па одговара самиот со „Краткиот одговор е да, најверојатно. Всушност, сите сме по малку.“

Психолозите објаснуваат дека автосексуалноста го надминува однесувањето кое вклучува сексуална желба за самиот себе. Може да значи  и способност да се возбудиш само гледајќи се, визуелизирајќи, допирајќи или мирисајќи се себеси.

Објаснуваат и дека како и повеќето човечки карактеристики, автосексуалноста е спектар и дека мнозинството луѓе се наоѓаат на него. Некои може и да се идентификуваат и како ексклузивно сексуални, што би значело дека го сметаат тоа за сексуална ориентација, но повеќето ја вклопуваат автосексуалноста во поголемиот сексуален репертоар каде што влегува и возбудата од секс со партнер.

Ова значи носење секси долна облека дури и ако партнерот едвај ја забележува. Може да значи и дотерување со коса и шминка за тебе да ти е добро, иако си во долга, моногамна врска, а другата страна не реагира. Едноставно - искрено уживање во сопственото тело.

Експертите забележуваат дека многумина даваат отпор кон автосексуалноста, отфрлајќи ја како нарцизам или нешто што одвраќа од партнерски секс. А реалноста е дека автосексуалноста може да биде здрав, дури и вреден дел од сексуалниот живот -  главната придобивка е дека си наоѓаме удобен, опуштен простор каде што атрактивноста ни зависи само од сопствената сексуалност. На тој начин, се намалува притисокот и потребата од партнер, а луѓето можат едноставно на само да уживаат.

Што значи, ако доаѓа некој - добро. Ако не, „ќе се снајдеме“.

11 март 2024 - 00:00