Се пријави Кејт Мидлтон

Откако интернетот направи драма околу привременото повлекување на принцезата од јавноста, се огласи нејзиниот портпарол.

„Ѝ пресудила палатата“, „Шишки правела“, „Избегала“ - секакви теории се извадија на интернет, и мртви-сериозни и на шала, ама вистината е сепак, колку и да ни е нас интересно, дека Кејт Мидлтон се опоравуваше од операција на абдомен и едноставно зема одмор од сите активности.

Толку се претера со смислување приказни, што палатата Кенсингтон мораше да извади соопштение за да се заќути и да се почека да кажат нешто што ќе го кажат само кога ќе биде битно.

„Палатата Кенсингтон беше јасна уште во јануари за распоредот на опоравување на принцезата и ќе објавиме само значајни информации,“ рече претставникот на Мидлтон. „Тоа сè уште важи.“

Додаде и дека „е добро во моментов“.

Принцезата последен пат се појави на 25 декември, а најавија дека дури после Велигден јавноста ќе ја види пак.

Сепак, теоријата со шишките останува најјака.

4 март 2024 - 00:00