Три ери на руменило

Како што модата трпи промени низ декадите, така и шминката, така и ружот.

Лиса Елдриџ предава историја на руменило - покажува три различни, на начин на кој се нанесувале во три различни ери.

Еден е од 18 век, еден од викторијанско време и еден од 1920-те.

Овој третиов да видиме дали ќе се вклопи во денешните ‘20-ти, кога веќе баравме и повторување на „Разбеснетите ‘20-ти“ некаде после пандемијата.

Возбудливото е што не е само „како се носело“, туку како се доаѓало до него. Треба да ти текне и начин пред сите тие годиништа, долго пред форматот на шминки што го носиме секаде со нас да имаш пренослив руж.

12 март 2024 - 00:00