Ова не се обични перики

Ова се „срамни“ или пубични перики, или „меркин“. Се носат уште од 1450-те.

Какви муабети прават Французите?

„Да се најдеш во муабет“ може да биде и интересно.

Да не сте вие „Двајт“ на вашето работно место?

Три знаци дека си досада што сака да става ред и да дели правда на работа.

Ова е ташна

Досега имаше ташни доволни за да ставиш мастики и можеби прстен во нив. За новчаник требаше да се снаоѓаш. Овие за што, за полен?

На некои истражувања стварно нема потреба да се трошат пари

Се работи за истражување кој тип на женско тело најмногу влијае на машкиот мозок, и замислете - можно е - мажите се воодушевени од форма на песочен часовник. Ма неee.

И ние би така, Софи Тарнер

Санса од ГоТ надвор по папучи за по дома затоа што така се прави.

Зошто миленијалците изгледаат толку младо?

Писателката и новинарка Дејзи Џонс размислува зошто толку миленијалци изгледаат како да не стареат.

Е, не сте ги виделе принцезите на Дизни во ова издание

Некој гледал објави за Дизни-принцези во 2020, Дизни-принцези како бебиња, како животни, како машки, како други раси... И се изнервирал и решил да даде свој придонес - принцезите како мешалки за бетон. Проблем?

Учиме за Франка Виола

Франка Виола е Италијанка што станала позната во 1960-те по тоа што јавно одбила да ја прифати изопачената традиција жените да се мажат со својот силувач.

Ако се прашувавте како им успева на познатите мајки

„Нема шанси да работам колку што работам... И да се трудам да бидам мајка каква што сакам да бидам без ова.“

Сте виделе трујачки чајник?

Какви сè работи не им текнувале на историските психопати. 

Куќата на Роки без статуата на Роки нема поента

Адел ја купи куќата на Сталоне за 58 милиони долари, но кога сакал да си ја спакува и специјално изработената статуа на Роки, му рекла „не може“. И ние би така.

Како Даниел Стил успеа да напише 190 книги досега?

Сто и деведесет, со букви. Има 75 години. Некогаш се случило да извади и 7 книги во годината.

И со родителството се претера

Го знаете вицот со Мујо и групниот секс? Сирот Мујо отишол на групњак, поминуваат пар саати, па го прашува организаторот кога конечно ќе дојде на ред за секс, затоа што веќе трета рунда пуши. Е, така некако и јас се чувствувам кога ќе прочитам седумсто дваесет и осми совет како да бидам уште подобар родител, а ниеден како мене да ми биде добро, додека ги спроведувам тие совети на дело.

Кој сака шетање низ куќата на Барби?

Додека (сите!) чекаме да го видиме филмот, Марго Роби и Architectural Digest ни прават тура низ Барби Дрим Хаус, розевото пластично совршенство од детството, што ни во филмот не отстапува од својата пластичност и сега ќе видите зошто.

„Астероид Сити“ на Вес Андерсон руши рекорди

Премиерата му беше во Кан, па во одредени кина во САД пред три недели - и веќе го гледа поширока публика и веќе руши рекорди.

Со авион до работа е поевтино од селење во Њујорк

Софија Селентано, 21-годишна практикантка што добила работа во Њујорк, одлучува дека ѝ е попаметно и поевтино еднаш неделно да лета 1000 километри, наместо да плаќа 3500 долари кирија.

Уметност на денот

Слеш од ГнР го објави ова кај него на Инстаграм и закука некој ако може да објасни. Апсолутно сложни, гледавме и гледавме и смисла не најдовме. Нови седишта во некоја авиокомпанија? Гинеколошки преглед во 2030? И на крај, се појави и објаснувањето.

Добро, ама знае дека кога-тогаш ќе мора да излезе, нели?

Толку многу труд, само за да заборавиш на момент дека од другата страна те чека едно „мамоооооооо!!!“ Шала на страна, сè што можат мајките да направат за да им биде поубаво и секој момент што можат да го одвојат за себе е добредојден. Макар тоа било и лепење „афирмации за под туш“ и топлење пешкири.

Кога свекрвата станува пренапорна

Да, забавни се празни муабети околу напорните свекрви, и ич да не почнуваме колку стар проблем е тоа и колку (и добри и лоши) шеги постојат. Ама, ај да чуеме и што ќе каже психолог на темата.

Живот во контејнер

Не, не е метафора, човеков стварно живее во контејнер.

Новиот филм на Зои Кравиц е провокативна битка меѓу половите

Се вика Pussy Island и е трилер сместен на тропски остров.

Ќе ме земеш од аеродром?

Ви се стемни од прашањето? Сè повеќе луѓе тврдат дека е претерување да бараш од другари да те земат од аеродром. Почна од еден твит: „Викни такси, спаси пријателство.“ Сепак, дали газењето по јајца за да не ги „вознемируваш“ блиските те тера да пропушташ подлабоки конекции со луѓето?

За кого всушност дизајнираат поп-ѕвездите?

Цените на колекцијата на Дуа Липа за Версаче, или таа на Хари Стајлс со Гучи ги бунат фановите, но изгледа облеката воопшто не е планирана за нив.