Оригиналното сценарио било за хорор филм. Битлџус бил крилат, рептиловиден демон што се преправа во ситно човече за да комуницира и со семејството Мејтленд и со семејството Диц. Целта му била да ги убие Диц, не да ги исплаши, и имало сцени каде што напаѓа некого претворен во бесна верверичка и пробува да ја силува Лидија (Винона Рајдер). Преправките довеле до комедија и го смириле Битлџус во дух на досетлив измамник, наместо демон.
Според Китон, ликот му го опишал режисерот Тим Бартон како „некој што живеел во секој временски период, но и во ниеден.“ Ова го искористил како појдовна точка да го креира ликот со карактеристики од типот на два-прста-во-штекер фризура, гадна шминка и големи заби. Кога прв пат се појавил комплетно во костим на снимање, цела екипа се воодушевила и скандирале „Џус, Џус, Џус!“ Ова уште толку го мотивирало за улогата.
Во времето кога се работел филмот, серијата 240 на Волво имала репутација како најбезбедна кола на светот. Никој немал загинато во такво Волво и фактот што Адам и Барбара (Алек Болдвин и Џина Дејвис) умреа баш во таа кола е веќе интерна шега меѓу сопственици на Волво и други познавачи.
Вториот дел допрва треба да го гледаме на Макс: