Алкохолот прави да бидеме посклони кон „што на ум, тоа на друм“ и во некои случаи се работи за вистина. Во некои случаи е нешто што само мислиме дека е вистина, барем во таа пијана состојба.
Значи да, голема е веројатноста дека некој ќе каже што навистина мисли после неколку пијачки. Но, сепак постојат шанси тоа што го кажува само да му изгледа реално додека е пијан, но не би го помислил трезен. На пример, пијан човек може да ти вети дека ќе се отсели, или ќе даде отказ, за наредниот ден да не му ни паѓа напамет тоа.
Нема многу истражувања баш на оваа конкретна тема, но постојат такви што истражуваат за влијанието на алкохолот на карактерот, емоциите и когнитивните способности што придонесуваат кон таа идеја.
На пример, истражување од 2017 покажува како се менува карактерот на секој учесник после доволно вотка-лимонади за да се доведат до 0,09% концентрација на алкохол во крвта - нешто над дозволениот максимум за возење во САД и Англија. Набљудувачите забележале дека најголемата промена во карактерот на луѓето е дека станале многу поекстровертни. Иако не се истражувало дали алкохолот ги тера да кажуваат вистина, има смисла некој што е поопуштен да стане и поискрен со тоа.
Способноста на алкохолот да им помогне на луѓето да се отворат им помага и да кажат што им лежи во глава, но експертите велат и дека ефектот што го има на емоциите може да го направи тоа што им е во глава малку непредвидливо.
Може повеќе да се смешкаме и погласно да зборуваме во пријатни ситуации, или станува поверојатно да се расплачеме во непријатни. Бидејќи алкохолот ни ги менува мислите и чувствата, не е некое изненадување дека и однесувањето се менува. Алкохолот едноставно води до поекстремно однесување - стануваме и поимпулсивни, бидејќи во алкохол се дават и сигналите до префронталниот кортекс задолжен за однесување и контрола на импулси. Ја поттиснува и амигдалата, структура што се наоѓа длабоко во мозокот и е одговорна за чувствата на страв и анксиозност. Трезен човек добива предупредувачки сигнали од амигдалата што ќе го спречат да направи или да каже нешто што води до социјален проблем, но тие сигнали се стишуваат после неколку чашки.
Што значи, ако се навратиме на прашањето од насловот - мозокот е премногу комплексен за да добиеме црно-бел одговор. Заклучокот е сепак дека не можеме на алкохолот да гледаме како серум за вистина.