Не е од последниве години, од поодамна е - божем поздраво добивање на светли прамени, a лимонот е природен, па без да гори косата да се постигне саканиот изглед.
Ова сега одново го имаат откриено на ТикТок, и тоа не само што цедат, туку излегуваат и на сонце, за комбинацијата да ги донесе до посветла коса.
Прво, дали лимонот стварно ќе ја осветли косата? Реално - да, затоа што лимонската киселина на сонце реагира како природен избелувач. Ултравиолетовите зраци иницираат хемиска реакција што го разложува меланинот во косата и навистина се доаѓа до посветли прамени.
Тоа не значи дека е во ред. Резултатот може да биде нееднакви осветлени делови и изглед што е далеку од тоа што сме го замислиле.
Да биде уште полошо, експертите велат дека се подразбира оштетување на косата, па имаме кршливо влакно, цветање и нездрав изглед. Ако ви изгори скалпот, и фоликулите на влакната страдаат, значи не е само естетски проблемот, туку се работи и за долгорочното здравје на косата. Кога ќе додадеш дека за успешно осветлување „третманот“ треба да се повтори неколку пати - јасно е.
Значи, без разлика што ТикТок понекогаш знае да погоди, не треба буквално сè да се копира од таму.
Ако сакате да ја осветлите косата, барем денес третманите на фризер не се штетни како порано.
Лимони се за пиење и за готвење.