Порано беше лом. Фаците им беа убави, облеката беше театарски спремна, имавме облека и кукли од сите категории - што и беше поентата на Барбиките. Не си ни игравме како некои досади - и Каролина Жебровска споделува дека немало „Леле, Барби, колку ти е убава косата!“ туку „Мораме да ги откопаме телата на Челси и Кен од снег, имаше лавина“, што е комплетно легитимна тема за играње.
На темава, блиц-препорака: Книгата „Слобоштина Барби“ од Маша Колановиќ, кај нас преведена како „Барби од подрумот“. Има да ве препороди.
Да се вратиме на прашањето - како им успеа да им направат на барбиките ваква тешка неправда? Што е тоа во новото време што ги тера да не сакаат убаво?