Како најобичен посетител, во музејот влегува една Андриен Релу, актерка и сценаристка од Лондон и почнува многу да се интересира за мистеријата.
„Го забележав знакот каде што пишуваше дека идентитетот на двете жени е мистерија и покрај напорите што ги вложиле истражувачите,“ вели Релу за Њузвик. „Бараа помош од посетителите, ако некој може да го реши тоа и ме допре идејата дека идентитетот на овие жени е изгубен и веднаш посакав да навлезам подлабоко.“
Во истрагата ѝ помогнале наклонетоста и интересот за мода и веројатно вродената способност за забележување, па откако копала по податоци и фотографии на интернет - ги нашла.
Едната е Софија од Прусија, кралица на Грција, внука на кралицата Викторија и сестра на Кајзерот Вилхелм II од Германија. Другата е Мари Перуџа, жена на Леополд де Ротшилд, еден од најбогатите луѓе на неговото време.
@andreaneoftheisland I accidentally became a detective and solved a 100-year-old Fabergé mystery in Brighton... Thank you so much @BrightonMuseums for letting me live out my Sherlock Holmes fantasy 🕵️♀️ #faberge #archaeology #history #historytok #mystery #royalty #royalfamily #antiques #antiquesroadshow #brighton #brightonmuseum #detective #mysterysolved #detectivework #sherlockholmes #historicalfigures #arthistory #edwardianera #edwardian #CapCut ♬ original sound - Andreane