За маслиновото масло одамна се знае дека го намалува ризикот од заболувања на срцето, но сега се копа подлабоко по бенефитите.
За време на едно истражување, на 40 пациенти ризични за кардиоваскуларни болести по случаен избор им било одредено да внесуваат или „мала“ количина (помалку од една кафена лажичка) маслиново масло, или „голема“ (4 супени лажици) секој ден. После една недела пауза, учесниците си ги замениле местата и го следел спротивниот режим четири недели. Некои од нив биле ставени и на веганска или главно растителна храна.
Резултатите покажале дека без разлика на количината, конзумирањето на (extra virgin) маслиново масло го намалило „лошиот“ холестерол, поврзан со срцеви заболувања. Откриле и дека без разлика што секојдневно внесување на маслиново масло помага, други елементи од исхраната можат да влијаат на здравствените придобивки. На пример, луѓето што ја конзумирале помалата количина, но си ограничиле црвено и процесирано месо, вештачки шеќери и заситени масти, а јаделе растителни масти како авокадо, јатки, семиња и маслинки, имале позначајни намалувања во ЛДЛ (тој е лошиот) холестерол. Ова - во однос на тие што само внесувале високи количини, без додатно внимание на исхраната.
Општо, заклучокот е дека е важно од каде се добиваат мастите и дека е попаметно и поздраво да се внесуваат преку растителни извори. Понатаму ќе се прават истражувања и за готвењето, расположението и квалитетот на животот.
Патем, освен во исхраната, ако внимателно се употребува, маслиновото масло е одлично и за кожа. „Внимателно“ значи дека е во ред да се прават маски за лице и кожа со него, сè додека не се остава долго време (пример, преку ноќ), а потоа се чисти лицето темелно.