Нова анализа врз основа на податоци земени кај пациентки во САД покажува дека бременост после подврзување на јајцеводите може да се случува почесто отколку што се очекува. Ова е случај кај цели 5% од жените што се подложиле на сечење, затворање, блокирање или отстранување на јајцеводите. За споредба, спиралата функционира во над 99% од случаите.
Бидејќи сè повеќе жени се интересираат за трајна контрацепција, се прават нови истражувања кои покажуваат дека непланираната бременост по ваква процедура може да биде вонматерична - кога оплодена јајце-клетка расте надвор од матката, што е осудено на неуспех и носи ризик по здравјето на мајката.
Јајцеводната стерилизација е една од најчестите патеки за трајна контрацепција во САД, за која се одлучуваат повеќе од 20% жени во своите триесетти и речиси 40% во четириесттите.
Во моментов, официјалните резултати покажуваат дека се работи за 1% од жените на секои пет години, но овие резултати користат статистика од студија почната во 1978, а завршена во 1986.
Новите податоци веќе зборуваат за 3% од случаите каде што се случила бременост во рок од една година по процедурата, а по десет години, овој процент се зголемува на 8,4.
Сепак, со оглед на начинот на кој во денешно време се спроведуваат истражувања и спремноста на фармацевтските компании (истите што продаваат апчиња за контрацепција) да ги финансираат, да се потсетиме - вакви информации се примаат со резерва.