Не е лошо да се знае, особено ако ве вади од памет количината што останува во туш кабина - од каде престанува да биде нормално?
Нормално е губење на околу 100 влакна дневно. Знаеме дека не броите, но ако забележите разлика и тоа поголема од обично (на четка, во када, на перница), тогаш може да се работи за телоген ефлувиум, или претерано опаѓање. Се работи за најчестата причина за опаѓање на косата кај жените и се поврзува со стрес, слабеење, породување или болест. Ако е тоа, тогаш телото би требало да се врати во нормала во рок од три месеци до една година и тогаш треба да престане.
Сепак, има случаи каде што треба да се посети дерматолог:
- Ако ве боли скалпот, ако се лупи, или чеша, или ако забележите црвенило кај коренот.
- Ако забележите кружни, окелавени места.
Нешто од ова може да е знак на автоимуна болест (алопециа ареата, на пример) што се поврзува и со губење на косата.
Дерматолог би требало да ви земе крв, да ве прегледа, а понекогаш и да направи биопсија за да изведе заклучок за што точно се работи и како да се лекува.
Во меѓувреме, можете да пробате сапун/шампон за коса од ориз.