Ја знаете приказната за Боби Данбар?

Боби Данбар бил киднапиран, па пронајден, но вратеното дете не било Боби.

Uitwaaien: Едноставниот холандски лек за стрес

Оутвајен е популарна активност во Амстердам, за која се верува дека носи важни психолошки придобивки.

Дали трпите психичко насилство?

Во моментов? Последниве години? Цел живот? Понекогаш е добро човек да се потсети што сè влегува во категоријата психичко насилство и да препознае кога е време да си оди. И запамти, не уништуваш ти (семејство, брак, врска, однос), затоа што си одиш, туку насилникот. Зомбијана тоа повторно го доловува сликовито и совршено. И нека си стои тука, може на некој ќе му затреба.

Седумте светски чуда за 2023

И сите можат да се видат.

Уличната мода во Токио ги отфрла сите можни правила

Четирите големи модни недели - Њујорк, Лондон, Милано и Париз секако имаат многу да понудат во однос на уличната мода, НО! Само што заврши модната недела во Токио и посетителите можат под да бришат со западњаците. Океј, може не е до толку, посетителите од „големата четворка“ стварно се трудат и вадат прејаки комбинации, ама сепак, самиот факт дека е Токио... Треба да ви биде јасно. Јапонската улична мода го отфрла секое можно модно правило што во моментов ви е на радар. И нови трендови направија, од мрачни бои, до слоеви и чизми на платформа.

На некои, публиката не им простува филери

Кристин Дејвис вели дека бескрупулозно ја исмевале за користењето филери и дека ја довеле до солзи.

E, што, ќе бидеш баба со тетоважи?

Зачувајте ја галеријава следниот пат кога некој ќе ви го постави ова глупо прашање. Дека на 80 само на тетоважите ќе мислиме. Инаку, многу е можно сликиве да се направени од вештачка интелигенција, ама тоа не значи дека во светот нема вакви колоритни ликови. Само се помалку отколку што ние би сакале.

Парадоксот Адам Сендлер

Адам Сендлер е феномен поради начинот на кој ја тера кариерата, начинот на кој е прифатен од публиката и позицијата што ја има во неговата фела. И ви текнува дека скоро беше и модна инспирација?

Хари Потер, ама мафијашки

Дури и оригиналните реплики одговараат ако се смени жанрот комплетно.

Луксузната чанта што тивко ги освојува француските модни кругови

Цел свет мака мачи да изгледа „шик без напор“ како што клишето вели дека им успева на Французинките секое утро. Може да купиш сè исто како нив, и пак да ти фали нешто - во случајов - Polène.

Можно е бајките да се многу постари отколку што сме мислеле

Не само уште некој век - некои може да се над 5000 години стари.

Ако никогаш не раскинеа

Или ако воопшто беа заедно и не раскинеа... Што се добива кога ќе споиш вештачка интелигенција и луѓе што романтизираат стари, одамна раскинати селебрити-парови? Или партнери на филмско платно со одлична хемија? Галерија на замислен свет каде што не само што се заедно, туку имаат и по две-три деца. Омилен пар од изборов? Винона Рајдер и Џони Деп, се разбира. Чисто заради носталгија.

9 најголеми грешки што ги прават туристите во Лондон

Конор Кларк е роден и пораснат во Лондон и во статија за Инсајдер дели совети за да се избегнат најголемите грешки во чекори кога се посетува.

Никогаш (ама никогаш!) не го користете џебот на седиштето пред вас во авион

Да, знаеме дека таму стои списанието. Не, не ви треба ништо од таму.

Одговор за сите душегрижници

Видеото се шеташе како реална ситуација, ама се работи за сцена од новиот „Џокер“, каде што Лејди Гага ја глуми Харли Квин. И баш ако мора да се каже, може не треба да се шлапаш со секоја будала што ти суди, ама ставот е многу здрав.

„Офис“ добива австралиски римејк со жена во главната улога

Прво мислевме дека Мајкл Скот нема шанси да биде добар колку Дејвид Брент. Сега мислиме дека Хана Хауард нема шанси да биде како нив двајца. А историјата покажува дека не сме во право изгледа, ама ќе видиме.

Никој не го сака станот на Џоан Дидион

Очилата за сонце на Џоан Дидион се продадоа на аукција за 27.000 долари, ама станот со 11 соби на Апер Ист Сајд во Њујорк не привлече толку внимание.

Кога Диор ќе преземе хотел

„Беверли Хилс Хотел“ е естетска авантура - гламурозен базен со розеви чадори, мурали со листови од банани, розево-зелена палета на бои - секакви детали што често се копираат и стигаат до филмови. А кога ќе влезе Диор, само станува помаркантно.

Минатиот петок, гостите се разбудија со глетка на базенот трансформиран преку ноќ во чест на најновата „Диоривиера“ модна капсула - облека и додатоци спремни за лето, со многу розеви и сиви нијанси. Диор ги замени сите чадори и завеси со овој дезен, а гостите можеа да изберат третман од понудени четири (два за лице, два за тело) со производи за нега и убавина од Диор.

Сè повеќе парови бираат да живеат одвоено

И постојат три типа на вакви парови.

Грдите сандали како моден феномен

Сандалите што не можат да се пофалат со изглед, колку што можат со практичност.

Имало Господ: Мажите престануваат да носат тесни фармерки

Да принесеме некоја жртва во знак на благодарност - Зумерите уредно ги поништија „скини“ фармерките што буквално на никој не стоеја добро и одлучија да го почастат светот со - нормални панталони и фармерки. Ние редовно касниме, ама па може ќе им текне и на нашиве мажи, ред е.

Не додржа: Саманта сепак ќе се појави во „И едноставно така...“

После бројни „очи нејќам да ви видам“- изјави и после категорични одбивања воопшто да разговара за новата серија, Ким Катрал сепак ќе се појави на кратко во продолжението на „Сексот и градот“.

За подобар сон, треба да станеме од кревет?

И кога сме преморени и „душата плаче“ за спиење, мозокот знае да одбива да се исклучи, па доаѓаме до проблемот на лошо, или недоволно спиење. А кој би рекол дека тајната се крие во едни 15 минути?

Едноставен рецепт што чува другарства

Ако си воведете правило со наслов „првата недела“ за битните луѓе, полесно ќе ги зачувате во животот.