Така зборуваше Ален Делон

„Ќе заминам во мир, нема за ништо да жалам, а особено не за ова посрано време.“

Актер е вокација, професија што може да се научи, избор на животен стил. Актер е карактер, најчесто силен, ставен на услуга на филмот, поради сплет на околности.

Сè што сум направил на филм, сум живеел.

За актери и шефови на држава нема пензија.

Јас сум сè и јас сум ништо. Јас сум тоа што ме направил животот. Ја прифаќам оваа награда, оваа палма, што долго ја одбивав затоа што би сакал да им беше дадена на моите режисери.

Бев прва виолина, или пијано и имав одлични диригенти. Ним мораме да им ја дадеме наградата. Сите се мртви, па ја прифаќам за нив, во нивни спомен, во чест на нивната сила и талент.

Не сум ѕвезда, јас сум актер. Со години се борам луѓето да заборават дека сум само згоден дечко со убаво лице. Тешка битка е, но ќе ја добијам. Сакам јавноста да сфати дека пред сè, јас сум актер, многу професионален, што ужива во секоја минута пред камера. И таков што станува мизерен истиот момент кога режисерот ќе викне „Сечи!“

Многу сум среќен на сцена, речиси повеќе отколку на филмски сет.

Многу добро ми одат три нешта: Работата, глупости и деца.

Сè сум видел и сè сум добил. Но, вистинската среќа е во давањето.

Никогаш не сум глумел во животот, ги живеам сите улоги. Не им беше интересно на жените што живееја со мене, затоа што еден ден бев полицаец, друг свештеник. За мене камерата е како жена во чии очи гледам.

Ми се допаѓа да сум сакан затоа што се сакам себеси!

Ќе заминам во мир, нема за ништо да жалам, а особено не за ова посрано време.

Не се плашам многу од смртта. Размислувам за животот.

Да не ги запознаев жените што ги запознав, ќе умрев. Жените ме сакаа, сакаа да го работам ова и тие се бореа да го работам. Без нив, немаше да бидам тука денес.

Пријател? Тоа е човек што можеш да го побараш во три сабајле и да му кажеш дека си направил кривично дело, а тој да ти одговори со: Каде е телото?

Ако утре добијам убав проект, нешто што ќе ме погоди, ќе го прифатам. Макар и на 95.

Ме полудува што ги гледам синовите, малиот, па дури и големиот по цели денови на тоа. Фејсбук, Инстра-гам, што и да е. Брмчењето е врева. Не ме интересира.

Жените ме насочија кон филмот кога не бев обучен. Јас напишав книга за тоа. Насловот „Жените на мојот живот“ кажува сѐ.

Прво, беше благодарение на моето лице, но тоа можеше да трае само една година. Да не ме биваше, веројатно ќе ме немаше уште оддамна, не мислите?

Јавноста сакаше да ме гледа со пиштол во рака и често да умрам на крај. Смртта прави херои.

Денес сум поинаков од вчера физички. Но, не сакам повторно да правам филмови само за да правам филмови. Не сакам премногу да се борам, како што велат боксерите, што многу добро ги познавам.

Кога си присутен предолго, ги нервираш луѓето, особено овде. Тоа „оној е уште тука“, тоа е многу француска работа. Не сакаме успех што трае.

Се гледаше дека Роми Шнајдер е „правата ствар“ уште кога ќе почнеше да зборува. Зборовите ѝ беа моќни. Имаше еден став што те вшмукува. Надвор од здрава памет. Го мразиш начинот на кој те тера да се чувствуваш. Грешиш дека е беспомошност, немање контрола. Но, реалноста е дека таа се стремеше исклучиво кон хармонија и мир. Виновна беше само за сиров магнетизам.

19 август 2024 - 14:14