Знаеме дека веројатно постојат специјално нарачувани и опточени со дијаманти, од брендови што не ни стигнале до нас, ама од светот на полуобичните смртници, каде што можеш онлајн да си нарачаш куфер што чини колку стан, има по нешто.
Прво, најскапите што ги вади се половни. Ги има на толку списоци за желби по светот, што достигнуваат астрономски цени. Дури после малку скролање можеш да стигнеш до нови.
Да видиме:
Луи Витон, половен, правен по нарачка, 105.218 евра.
Уште еден, друг модел, соработка со Такаши Мураками, 77.636 евра.
Ермес, рачен багаж, исто половен, 34.669 евра.
Мал, половен Шанел, 20.975 евра.
Грд, Луи Витон, половен, како од пазар, исто рачен, 18.133 евра.
Суприм викендашка торба, половна, 10.713 евра.
Стигнавме до првиот нов куфер, некористен, Суприм, за сиромашни - 3870 евра.
И уште еден нов, ама никако не ти иде да кажеш за сиромашни, МЦМ, 3741 евро. Овој ни лажен нема да го видиме затоа што брендот уште не е извикан кај нас.
И на крај, Прада, обичен, 2900 евра.
Претходно: Најскапите хулахопки на светот