Кои се најскапите хулахопки на светот?

Овде го консултираме Фарфеч. Може има и поскапи од овие, ама кога чинат колку Поло од 1996, ред е да се споделат.

Први, Гучи, 1795 евра.

Втори, Бурбери, 550 евра.

Трети, Долче и Габана, 495 евра.

Јоши Јамамото, од 744 евра, на 50% попуст - 372 евра (беспари!)

Версаче, веќе поевтина варијанта, 364 евра.

Долче и Габана прават хулахопки и за сиромашни - 257 евра.

Кој е сиромашен, на попуст има и Ком де Гарсон, од 252 на 164 евра.

Муглер (јаки богами!) - 102 евра.

И, ако ептен ви се скинат некаде на пат, па да не давате многу пари - Лагерфелд, 45 евра.

Farfetch

26 август 2024 - 11:51