На Илон Маск и Џ. К. Роулинг им се закануваат до пет години затвор и казни од над 250.000 евра, ако боксерката Имане Келиф победи во нејзината кривична тужба за сајбер-насилство.
Во тужбата наведува „дејства на агресивно сајбер-малтретирање“.
Инаку Келиф, 25-годишна олимпијка од Алжир, беше дисквалификувана од светското првенство во 2023 поради родот. Нејзиното учество на Олимпијадата во Париз предизвика протести од различни групи и поединци, меѓу кои и Маск и Роулинг, плус некои од нејзините противници.
Набил Буди, адвокатот на Келиф во Париз потврди дека Маск и Роулинг лично се именувани во поплаката. Тужбата може да доведе до затворски казни во времетраење од две до пет години и казни што се движат од скоро 30.000 до 46.000 евра. Ако се суди како за онлајн говор на омраза, може да стигне и до 250.000 евра.
Буди објаснува дека тужбата против Х е всушност против „непознати лица“, за да се овозможи широка истрага за тие што објавиле пораки со омраза, меѓу кои и анонимни корисници. Се спомнува и Доналд Трамп чии објави на социјалните мрежи против Келиф исто така се набљудуваат.
Роулинг сподели фотографија од мечот на Келиф и ја обвини дека ужива во нервозата на нејзината противничка, а Маск сподели туѓа објава каде што се критикува вклучувањето на мажи во женски спортови. Трамп го подржа исклучувањето на мажи од женски спортови во сопствена објава.
Во Алжир, каде што било какво отстапување од традиционалното гледање на родот и сексуалноста се казнува, Келиф ја испочитува и претседателот. Нејзиниот поранешен тренер изјави дека тужбата има за цел во иднина да ги заштити правата и достоинството на спортистите, истакнувајќи дека нападите кон Келиф се случувале за таа да се деморализира.