Авон пред банкрот заради канцерогени производи со талк

Имаат 200 тужби за решавање.

Авон, некогаш моќната компанија за директна продажба со војската жени што продаваа на седенки на тераса и по канцеларии, поднесува барање за банкрот поради планината тужби во кои се наведува дека талк-пудрата во нивните производи предизвикува рак.

Едно време се проценуваше дека Авон вреди 21 милијарда долари, но во 2016 престанаа да продаваат во САД. Меѓународните пазари уште функционираат, што значи дека најверојатно треба да се внимава.

Користат талк, минерал поврзан со рак, во пудри за лице и сенки за очи.

А не е само талк. Тие 200 тужби наведуваат и, ни помалку, ни повеќе - азбест!

ЦЕО-то има некоја килава изјава што не објаснува ништо од тоа.

„Фокусирани сме на унапредување на нашата бизнис стратегија меѓународно, вклучувајќи и модернизирање на нашиот модел за директна продажба и забрзување на продажбата.“

Во декември 2022, порота на суд во Лос Анџелес нареди Авон да исплати над 50 милиони долари на жена од Аризона која тврдеше дека ѝ дијагностицирале рак по користење на козметички производи што содржат талк мешан со азбест.

Минатиот месец, човек од Чикаго што работел како домар во фабрика на Авон добил 24,4 милиони долари, откако му дијагностицирале мезотелиом.

Ова доаѓа после пресудата за Џонсон и Џонсон кои се спогодија за 6,5 милијарди долари откако се откри дека беби-пудра со талк предизвикала дијагнози за рак на јајници. Исто размислуваат за банкрот, но одрекуваат, како и Авон дека нивните производи предизвикуваат рак и дека користат тестиран талк што не содржи азбест.

14 август 2024 - 10:34