Една од финтите е да создадеш чувство на недостаток, на ограничени количини на „сега ако не купиш, господ знае кога ќе има пак“. Може звучи смешно, ама функционира и затоа така прават.
Да ја земеме торбата на Диор што чини 50-тина евра да се направи, а упорно ја продаваат за 3500. На видеото влегуваат во продавница и одма ги облетуваат со „мајсторско ткаење“ и „египетски памук“.
И една од најефикасните тактики што гледаме дека пали и локално - дуплирај цени. Кога ќе го анализираш - глупо е, а сепак, луѓето како да се магнетски привлечени од поскапото.