Да го видите „Сохо Џорџ“

И да го чуете.

Џорџ Скегс е инвентар во Сохо, централен Лондон и често го гледаат како се шета по Вест Енд дотеран во костуми и додатоци. Се вртат луѓе по него, не само заради појавата, туку и приказните што ги раскажува.

Прв пат дошол во Сохо во ‘50-те, во обид да го запознае неговиот идол Винс Тејлор и вели дека само што се симнал од подземната железница на Тотенхем Корт Роуд било љубов на прв поглед.

Повеќе од 60 години подоцна сè уште е редовен во локалните кафичи и барови и му се признава дека е дел од шарената историја на Сохо - го има на мурал во соседството, како што ги има на пример и Ролинг Стоунс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BBC London (@bbclondon)

21 август 2024 - 16:58