Решение за паралелно паркирање имало уште од 1950-те

Тие што уште не се снаоѓаат со паралелно паркирање со солзи во очи ќе го изгледаат видеово. Па и сите, со оглед на тоа како се кубури за паркинг.

Иновацијата ја користи резервната гума како петто тркало што помага при паркирање. Не било успешно како производ, но било многу ефикасно. Иноваторот од Пиедмонт, Калифорнија забележал дека колите стануваат сè поголеми, а паркинг-местата сè потесни, па ја измислил Park-car, (е, не бил де иновативен за имиња) - кола што ја користи резервната гума за да овозможи поостри вртења и да помогне за паркинг. 

Се спушта од багажникот, ги крева задните гуми повисоко и го ротира задниот дел од колата за да излезе од тесно.

14 август 2024 - 14:29