Заткулисни занимливости од „Полноќ во Париз“

Кога Вуди Ален контактирал со актерите што сакал да ги ангажира за филмот, никој не можел да го вклопи во распоред. Па, кога прифатил Овен Вилсон, Вуди одново ја напишал улогата за него.

Гил (ликот на Вилсон) прво требал да биде интелектуалец од Источниот брег (веројатно фиктивна верзија на Вуди Ален, како што често се случува).

„Мислев дека Овен ќе биде шармантен и смешен, но страв ми беше дека не е баш ‘источен‘,“ има кажано Вуди, кој сфатил дека ако направи Гил да биде од Калифорнија, ќе го збогати ликот.

Патем, ако има такви што не го гледале, паметно ви е овде да престанете со читање и да одите директно на трејлерот. Ќе се исплати.

Вилсон не бил ни сигурен дали воопшто ќе функционира.

„Не знаев, да бидам искрен, дали ќе успее. Тој фантастичен елемент кога одам на прошетки, на полноќ во еден друг свет. Се сомневав затоа што многу од луѓето што ги среќавам се неверојатни историски личности. Кој ќе ги игра? Како ќе функционира тоа? Но, потоа го гледав филмот, и успешно е. Тоа е една од најдобрите работи во филмот. Одлично е.“

Вилсон прв пат разговарал со Вуди кога стигнал во Франција. А поради неговата навика на актерите да им ги дава само страниците од сценаријата што се однесуваат на нивните ликови, Том Хилдстон (го глумеше Фицџералд) немал поим дека се работи за приказна со патување низ времето, и дознал кога Овен Вилсон се појавил на сет во современа облека и го прашал зошто не е во костим.

Да се прегледа:

8 август 2024 - 12:11